ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Купи злато пречистено со оган
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • 2 Урнатините на Лаодикија се наоѓаат во близина на денешниот Денизли, околу 90 километри југоисточно од Алашехир. Во првиот век, Лаодикија била напреден град. Сместен на еден главен крстопат, тој бил средиште на банкарството и трговијата. Богатството на овој град делумно се должело на продажбата на познатата очна маст, но бил прочуен и по многу квалитетната облека, која неговите жители ја изработувале од фино предена црна волна. Недостигот на вода, еден од главните проблеми во Лаодикија, бил решен со изградба на водовод. Со помош на водоводот, водата дотекувала од жешките извори што се наоѓале во близина на градот. Од таа причина, кога ќе стигнела во градот, водата била млака.

  • Купи злато пречистено со оган
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • 6. а) Како ја опишал Исус духовната состојба на собранието во Лаодикија? б) Кој добар пример што го дал Исус пропуштиле да го следат христијаните во Лаодикија?

      6 Каква порака има Исус за собранието во Лаодикија? Тој нема никаква пофалба за христијаните во него. Отворено им кажува: „Ги знам твоите дела — не си ни студен ни жежок. Да си барем студен или жежок! Но, бидејќи си млак, ни жежок ни студен, ќе те повратам од својата уста“ (Откровение 3:15, 16). Како ќе реагираше ти на една ваква порака од Господарот Исус Христос? Зарем немаше да се свестиш и да се преиспиташ? Овие христијани навистина треба да сторат нешто бидејќи станале духовно мрзливи и очигледно си ги земале работите здраво за готово. (Спореди 2. Коринќаните 6:1.) Исус, на кого тие како христијани требало да се угледаат, секогаш покажувал огнена ревност за Јехова и за Неговата служба (Јован 2:17). Освен тоа, тој секогаш бил нежен и благ кон кротките, и ги освежувал како чаша студена вода во жежок и запурен ден (Матеј 11:28, 29). Но, христијаните во Лаодикија не се ниту жешки ниту студени. Како водата што дотекува до нивниот град, и тие се млаки и млитави. Затоа постои реална опасност Исус целосно да ги отфрли, ‚да ги поврати од својата уста‘! Ние треба секогаш да се трудиме со цело срце, исто како Исус, да ги освежуваме другите во духовен поглед (Матеј 9:35-38).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели