ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Божјиот Израел обележан со печат
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • 6. Кој им заповедал на ангелите да ги задржат четирите ветрови, и што се случува за тоа време?

      6 Јован сега опишува како некои ќе бидат обележани за преживување. Тој вели: „И видов друг ангел како влегува од исток и го има печатот на живиот Бог. И им викна на сет глас на четирите ангели на кои им беше дадено да им наштетат на земјата и на морето: ‚Немојте да ѝ наштетите на земјата, ниту на морето, ниту на дрвјата, додека не ги обележиме со печат челата на робовите на нашиот Бог!‘“ (Откровение 7:2, 3).

  • Божјиот Израел обележан со печат
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • 8. Што е обележувањето со печат, и кога започнало?

      8 Што е ова обележување со печат, и за кои Божји робови станува збор? Обележувањето започнало на Педесетница 33 год. од н.е., кога првите еврејски христијани биле помазани со свет дух. Подоцна Бог повикал и помазал и ‚луѓе од другите народи‘ (Римјаните 3:29; Дела 2:1-4, 14, 32, 33; 15:14). Апостол Павле напишал дека помазаните христијани имаат гаранција дека ‚му припаѓаат на Христос‘ и додал дека Бог ‚го ставил својот печат на нив и во срцата им дал дух како гаранција за она што ќе дојде‘ (2. Коринќаните 1:21, 22; спореди Откровение 14:1). Значи, кога овие робови се усвоени како Божји духовни синови, тие однапред добиваат гаранција за своето небесно наследство, односно добиваат печат или залог (2. Коринќаните 5:1, 5; Ефешаните 1:10, 11). Затоа можат да кажат: „Тој дух сведочи со нашиот дух дека сме деца Божји. А ако сме деца, тогаш сме и наследници — наследници Божји, а сонаследници Христови, ако страдаме заедно со него, заедно со него да бидеме и прославени“ (Римјаните 8:15-17).

      9. а) Каква истрајност се бара од преостанатите Божји синови родени со дух? б) Колку долго ќе продолжи искушувањето на помазаниците?

      9 Што значи изразот „ако страдаме заедно со него“? За да бидат наградени со живот, помазаните христијани мораат да истраат и да останат верни до смрт (Откровение 2:10). Овде не важи изреката ‚еднаш спасен, засекогаш спасен‘ (Матеј 10:22; Лука 13:24). Напротив, тие се опоменати: „Дајте сѐ од себе за да ги потврдите својот позив и избор“. Исто како апостол Павле, на крајот тие мора да кажат: „Добро се борев, трката ја истрчав до крај, верата ја зачував“ (2. Петрово 1:10, 11; 2. Тимотеј 4:7, 8). Значи, преостанатите Божји синови родени со дух мора и понатаму да бидат искушувани и просејувани на Земјата сѐ додека Исус и ангелите што го придружуваат не им го врежат цврсто печатот ‚на челото‘ на сите нив. Ова ќе значи дека конечно и неотповикливо стануваат испитани и верни „робови на нашиот Бог“. Тогаш тој печат станува нивни траен белег или жиг. Очигледно, кога четирите ветрови на неволјата ќе бидат пуштени, сите членови на духовниот Израел ќе бидат трајно обележани со печат, иако мал број од помазаниците сѐ уште ќе бидат живи на Земјата (Матеј 24:13; Откровение 19:7). Ќе биде пополнет целиот број! (Римјаните 11:25, 26).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели