-
Јехова му нанесува неволји на христијанскиот светОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
29. На што е симбол ‚големата ѕвезда која гори како светилка‘, и зошто го велиме ова?
29 Ѕвездата веќе беше спомната како симбол во Исусовите пораки до седумте собранија. Таму седумте ѕвезди ги симболизираа старешините во собранијатаb (Откровение 1:20). Помазаните „ѕвезди“, заедно со сите други помазаници, престојуваат на небесата во духовна смисла од моментот кога се запечатени со светиот дух, кој е гаранција за нивното небесно наследство (Ефешаните 2:6, 7). Но, апостол Павле предупредил дека од таквите лица слични на ѕвезди, некои ќе станат отпадници, секташи кои ќе го заведуваат стадото (Дела 20:29, 30). Последица од таквото неверство ќе било големо отпадништво, а овие паднати старешини ќе го сочинувале човекот на беззаконието кој ќе се возвишува и ќе се прикажува пред луѓето како да е бог (2. Солуњаните 2:3, 4). Предупредувањето на Павле се исполнило кога на светската сцена се појавило свештенството на христијанскиот свет. Оваа група е многу добро претставена со симболичната ‚голема ѕвезда која гори како светилка‘.
-
-
Јехова му нанесува неволји на христијанскиот светОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
b Иако седумте ѕвезди во десната рака на Исус ги претставуваат помазаните надгледници на христијанското собрание, старешините во повеќето од речиси 100-те илјади собранија во светот денес му припаѓаат на големото мноштво (Откровение 1:16; 7:9). На каква положба се тие? Со оглед на тоа што се именувани од светиот дух преку верниот и разборит роб, за нив може да се рече дека се под контрола на Исус затоа што служат како пастири под негово водство (Исаија 61:5, 6; Дела 20:28). Тие им помагаат на ‚седумте ѕвезди‘ со тоа што служат онаму каде што нема оспособени помазани браќа.
-