-
Судот над срамната блудницаОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
13. Каква зачудувачка глетка се појавила пред Јован кога ангелот го однел во духот во една пустина?
13 Што друго открива пророштвото за големата блудница и за она што ја чека? Јован продолжува со жив опис на следнава сцена: „И [ангелот] ме однесе во духот во пустина. И здогледав жена како седи на црвен ѕвер полн со богохулни имиња, кој имаше седум глави и десет рогови“ (Откровение 17:3).
-
-
Судот над срамната блудницаОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
15. Каква разлика постои помеѓу ѕверот од Откровение 13:1 и оној од Откровение 17:3?
15 Овој ѕвер има седум глави и десет рогови. Тогаш, дали е истиот ѕвер што Јован го виде порано, кој исто така имаше седум глави и десет рогови? (Откровение 13:1). Не, има разлика. Овој ѕвер е црвен, и во споредба со првиот, на главите нема круни. И, нема богохулни имиња само на своите глави, туку целиот е „полн со богохулни имиња“. Сепак, мора да постои некоја врска меѓу овој нов ѕвер и претходниот; сличностите меѓу нив се премногу големи за да бидат случајни.
16. Што претставува црвениот ѕвер, и што било кажано за неговата цел?
16 Тогаш, што претставува овој нов црвен ѕвер? Тој мора да е кипот на ѕверот што беше направен на поттик на англо-американскиот ѕвер кој има два рога како јагне. Откако беше направен овој кип, на дворогиот ѕвер му беше дозволено да му вдахне живот (Откровение 13:14, 15). Јован сега гледа дека овој кип е жив и диши. Тој ја претставува Лигата на народите, организација на која дворогиот ѕвер ѝ вдахна живот во 1920 година. Вудроу Вилсон, претседател на САД во тоа време, ја замислувал Лигата како „суд кој ќе им додели правда на сите луѓе и кој засекогаш ќе ја збрише опасноста од војна“. Кога оваа организација воскресна по Втората светска војна, под името Обединети нации, во нејзината повелба стоеше дека има цел „да го одржува меѓународниот мир и сигурност“.
-