-
Крај на Божјиот гневОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
6. Што се случува кога е излеан третиот сад, и кои зборови се слушаат од еден ангел и од жртвеникот?
6 Третиот сад на Божјиот гнев, слично на огласувањето на третата труба, е излеан врз изворите на слатка вода. „Третиот го излеа својот сад во реките и во изворите на вода. И тие се претворија во крв. И го чув ангелот што има власт над водите како вели: ‚Праведен си, ти кој си и кој беше, Боже лојален, бидејќи така пресуди. Зашто, тие ја пролеаја крвта на твоите свети слуги и на пророците, па ти им даде да пијат крв. Тоа и го заслужија‘. И го чув жртвеникот како вели: ‚Да, Јехова Боже, Семоќен, исправни и праведни се твоите пресуди‘“ (Откровение 16:4-7).
-
-
Крај на Божјиот гневОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
10. Што кажува „ангелот што има власт над водите“, и какво сведоштво дава „жртвеникот“?
10 „Ангелот што има власт над водите“, односно ангелот што го излева овој сад врз водите, го велича Јехова како Судија над целата вселена, како Судија чии пресуди се апсолутно праведни. Затоа, во врска со оваа пресуда вели: „Тоа и го заслужија“. Без сомнение, овој ангел бил очевидец на голем дел од крвопролевањето и свирепоста што во текот на неколку илјади години биле поттикнувани од лажните учења и филозофии на овој злобен свет. Затоа тој е сигурен дека Јеховините пресуди се праведни. Дури и Божјиот ‚жртвеник‘ зборува. Во Откровение 6:9, 10 се вели дека душите на оние кои биле убиени се наоѓаат во подножјето на жртвеникот. На тој начин, „жртвеникот“ дава силно сведоштво дека Јеховините пресуди се исправни и праведни.a Оние што пролеале и злоупотребиле толку многу крв навистина заслужуваат да бидат присилени да пијат крв — симбол што покажува дека Јехова ги осудил на смрт.
-