ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • 16, 17. Што мора да се случи пред да се одржи свадбата на Јагнето?

      16 Штом сите 144.000 ќе бидат на небото, можат да почнат последните подготовки за свадбата на Јагнето (Отк. 19:9). Но, пред овој радосен настан ќе се случи нешто друго. Имај на ум дека Гог ќе го нападне Божјиот народ додека преостанатите помазаници сѐ уште се на Земјата (Езек. 38:16). Што ќе се случи со Божјите слуги кои во тој момент ќе изгледаат беспомошно? Тие ќе ги послушаат упатствата кои биле дадени во времето на цар Јосафат: „Во оваа борба нема да се борите вие. Само наредете се, стојте и гледајте како Јехова ќе ве спаси!.. Не бојте се и не плашете се!“ (2. Лет. 20:17). Во одреден момент откако ќе започне нападот на Гог, сите помазаници ќе бидат земени на небото. Откровение 17:14 ни кажува што ќе се случи потоа со непријателите на Божјиот народ: „Тие ќе се борат против Јагнето, но Јагнето ќе ги победи, бидејќи е Господар над господарите и Цар над царевите, а ќе ги победат и оние што со него се повикани и избрани и верни“. Значи, Исус, заедно со своите 144.000 небесни совладетели, ќе се крене за да го избави Јеховиниот народ на Земјата.

      17 Со тоа ќе започне војната Армагедон, во која Јехова ќе го возвеличи своето свето име (Отк. 16:16). Тогаш сите оние што биле прогласени за јарци „ќе отидат во вечна смрт“. Земјата ќе биде исчистена од сето зло, а големото мноштво ќе го преживее последниот дел од големата неволја. Конечно ќе може да се исполни величествената завршница на книгата Откровение — свадбата на Јагнето! (Отк. 21:1-4).d Ова навистина ќе биде незаборавна свадба! Сите што ќе преживеат на Земјата ќе уживаат во Божјата милост, и ќе ја чувствуваат неговата огромна љубов и великодушност. Зарем не го очекуваме со нетрпение тоа време? (Прочитај 2. Петрово 3:13.)

  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • d Во Псалм 45 има некои детали кои покажуваат по кој редослед ќе се одвиваат настаните. Најпрво Царот ја води војната, а потоа доаѓа време за свадбата.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели