-
Царот-воин победува во АрмагедонОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
22. Како Јован го резимира текот на оваа последна војна?
22 Јован го резимира текот на оваа последна војна со следниве зборови: „И ги видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани да водат војна со оној што седи на коњот и со неговата војска. И беше фатен ѕверот, а со него и лажниот пророк, кој пред него правеше чудесни знаци со кои ги заведе оние што го примија жигот на ѕверот и оние што му се поклонуваа на неговиот кип. Обајцата беа живи фрлени во огненото езеро, кое гори со сулфур. А останатите беа убиени со мечот што излегуваше од устата на оној што седи на коњот. И сите птици се наситија со нивното месо“ (Откровение 19:19-21).
-
-
Царот-воин победува во АрмагедонОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
25. а) Кои ќе бидат ‚убиени со мечот што излегува од устата на оној што седи на коњот‘? б) Дали можеме да очекуваме некој од ‚убиените‘ да воскресне?
25 Сите други што не владееле директно, но сепак се непоправлив дел од овој расипан свет, исто така ќе бидат ‚убиени со мечот што излегува од устата на оној што седи на коњот‘. Исус ќе ги осуди на смрт. Бидејќи во нивниот случај не се спомнува огненото езеро, дали треба да очекуваме да воскреснат? Никаде не ни е кажано дека оние што тогаш ќе ги погуби Јеховиниот Судија ќе бидат воскреснати. Како што рекол и самиот Исус, сите оние што не се „овци“ ќе отидат во „вечниот оган подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели“, односно во „вечна смрт“ (Матеј 25:33, 41, 46). Со ова ќе заврши „денот на судот и уништувањето на безбожниците“ (2. Петрово 3:7; Наум 1:2, 7-9; Малахија 4:1).
-