-
Што е огненото езеро?Одговор на библиски прашања
-
-
Ѓаволот (Откровение 20:10). Затоа што е духовно суштество, дословниот оган не може да му наштети (2. Мојсеева 3:2; Судиите 13:20).
-
-
Што е огненото езеро?Одговор на библиски прашања
-
-
Во која смисла „ќе бидат мачени дење и ноќе во сета вечност“?
Ако огненото езеро е симбол за уништување, зошто Библијата вели дека Ѓаволот, ѕверот и лажниот пророк „ќе бидат мачени дење и ноќе во сета вечност“? (Откровение 20:10). Да разгледаме четири причини зошто можеме да бидеме сигурни дека во овој стих не се зборува за дословно мачење.
За да биде вечно мачен, Ѓаволот ќе мора да живее вечно. Но, Библијата вели дека тој ќе биде уништен (Евреите 2:14).
Вечниот живот е дар од Бог, а не казна (Римјаните 6:23).
Ѕверот и лажниот пророк се симболични поими и затоа не можат дословно да бидат мачени.
Библијата укажува на тоа дека Ѓаволот ќе биде мачен во таа смисла што ќе биде вечно уништен.
Зборот кој во Библијата се преведува со „мачење“ може да се преведе и со изразот „ограничување на слободата“. На пример, грчкиот збор за „мачители“ кој се користи во Матеј 18:34 во многу преводи е преведен со „темничари“. Со тоа појасно се гледа поврзаноста на изразите „мачење“ и „ограничување на слободата“. Слично, и извештаите од Матеј 8:29 и Лука 8:30, 31, во кои се опишува еден ист настан, покажуваат дека демоните ќе бидат мачени во таа смисла што ќе бидат фрлени во бездна — симболично место кое укажува на потполна неактивност или смрт (Римјаните 10:7; Откровение 20:1, 3). Освен тоа, во библиската книга Откровение во неколку стихови поимот „мачење“ се користи во симболична смисла (Откровение 9:5; 11:10; 18:7, 10).
-