-
Божјиот Ден на суд — радосен исход!Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
7, 8. а) Каков свиток ќе биде отворен, и што ќе се случи потоа? б) За кого ќе нема воскресение?
7 Јован додава: „А се отвори и еден друг свиток — свитокот на животот. И мртвите беа судени според нивните дела на темел на она што е напишано во свитоците. И морето ги предаде мртвите што беа во него, и смртта и гробот ги предадоа мртвите што беа во нив. И секому му беше судено според неговите дела“ (Откровение 20:12б, 13). Оваа глетка навистина нѐ остава без здив! Спомнати се ‚морето и смртта и гробот‘, но треба да се забележи дека овие изрази не можат сосема да се разграничат.a На пример, кога Јона се нашол во стомакот на рибата, и тоа сред море, тој рекол дека се нашол во утробата на гробот (Јона 2:2). Штом некој е во канџите на адамската смрт, тогаш, всушност, е во гробот. Овие пророчки зборови ни се цврста гаранција дека никој нема да биде заборавен.
-
-
Божјиот Ден на суд — радосен исход!Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
a Меѓу оние што ќе бидат воскреснати од морето не спаѓаат расипаните жители на Земјата кои биле уништени во Потопот од времето на Ное. Тоа уништување било конечно, исто како што ќе биде конечно извршувањето на Јеховината осуда во големата неволја (Матеј 25:41, 46; 2. Петрово 3:5-7).
-