Песна 121
Храбрете се еден со друг
Печатено издание
1. Штом еден со друг сите ние
постојано се храбриме,
меѓу нас љубовта ќе јакне
и сложни ќе останеме.
Со таква љубов секој од нас
ќе истрае, и покрај сѐ.
Прибежиште во тешко време
кај браќата ќе пронајде.
2. Збор благ, во право време кажан,
на рана мевлем за нас е.
Со такви зборови нѐ тешат
и храбрат пријателите.
О, колку убаво е кога
со нив на Бог му служиме!
Бремињата и сите грижи
меѓусебно ги делиме.
3. Дур’ денот на Јехова ита,
на состаноците да сме
за полесно во ова време
по патот прав да одиме.
Нѐ држи една иста надеж,
па сѐ од себе даваме
да мислиме на сите други,
охрабрени од нас да се.
(Види и Лука 22:32; Дела 14:21, 22; Гал. 6:2; 1. Сол. 5:14.)