Песна 22
„Јехова е мојот Пастир“
(Псалм 23)
1. Јехова Бог мој е Пастир,
зар треба да имам страв?
Го чува нежно тој стадото
и не ме заборава.
Крај мирни води ме носи,
ме крепи, освежува.
Чекорите ми ги води тој
по патот на правдата.
Чекорите ми ги води тој
по патот на правдата.
2. Низ долина пуста, темна,
јас минувам бестрашно.
Штом мојот Пастир е близу, знам,
ќе бидам на сигурно.
Врз глава масло ми лее.
Се прелева чашата.
Со добрина ме опсипува,
крај него ќе останам.
Со добрина ме опсипува,
крај него ќе останам.
3. На мојот љубезен Пастир
му пеам со ценење!
И колку грижлив и добар е
ќе кажувам секаде.
А Речта верно ја слушам,
во сѐ сум внимателен.
Задоволство ми причинува
да служам јас секој ден.
Задоволство ми причинува
да служам јас секој ден.