2. ДЕЛ
Промени во животот
Не ти се допаѓа како се развива твоето тело?
□ Да □ Не
Поради промените во пубертетот се чувствуваш осамено, збунето, уплашено?
□ Да □ Не
Поголемиот дел од денот мислите ти се вртат околу спротивниот пол?
□ Да □ Не
Ако си одговорил со ‚да‘ на кое и да било од овие прашања, не грижи се — тоа не значи дека нешто не е во ред со тебе! Факт е дека, како резултат на физичките и емоционалните промени што настануваат во пубертетот чувствата може да ти се движат од восхит до депресија, и сѐ друго помеѓу. Се разбира, отсекогаш си сакал да бидеш возрасен, но сега кога тргна натаму, малку те фаќа страв! Поглавја 6-8 ќе ти помогнат да се носиш со промените во животот.
[Слика на целата страница 56 и 57]