Нов член на Водечкото тело
Во среда наутро, на 5 септември 2012 год., бетелските семејства во САД и Канада беа известени дека, од 1 септември 2012 год., Марк Сандерсон почна да служи како член на Водечкото тело на Јеховините сведоци.
Брат Сандерсон е роден во семејство на Јеховини сведоци, во Сан Диего (Калифорнија, САД), а се крсти на 9 февруари 1975 год. Почна да служи како пионер во Саскачивен (Канада), на 1 септември 1983 год. Во декември 1990 год., дипломираше на седмиот клас на Школата за организациско оспособување (која сега се вика Библиска школа за неженети браќа) во САД. Во април 1991 год., брат Сандерсон беше именуван како специјален пионер на островот Њуфаундленд (Канада). Откако служеше како заменик покраински надгледник, во февруари 1997 год. беше поканет да стане член на бетелското семејство во Канада. Во ноември 2000 год., беше преместен во подружницата во САД, каде што работеше во Службата за болнички информации, а подоцна и во Службеното одделение.
Во 2008 год., брат Сандерсон присуствуваше на Школата за членови на одборите на подружниците, а потоа беше именуван како член на Одборот на подружницата на Филипините. Во септември 2010 год., беше поканет да се врати во САД, каде што служеше како помошник на Одборот за служба на Водечкото тело.