Јов
36 Потоа Елиу рече:
2 „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажам
дека треба уште нешто да се каже за Бог.
3 Опширно ќе го изнесам своето знаење
и ќе покажам дека мојот Творец е праведен.+
4 Зашто, моите зборови навистина не се лага.
Со тебе е Оној што има совршено знаење.+
5 Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,
силен е во разборитоста на своето срце.
6 Нема да го остави жив злобниот,+
туку ќе им даде правда на страдалниците.+
7 Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+
ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,
и ќе бидат возвишени.
8 Ако луѓето се врзани со синџири,+
јажињата на неволјата ќе ги ограничуваат.
9 Тогаш тој ќе им ги спомне нивните дела
и нивните престапи, затоа што се вообразени.
11 Ако послушаат и ако почнат да му служат,
нивните денови ќе завршат во добро
и нивните години во задоволство.+
13 А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+
Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе.
15 А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволја
и ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи.
16 Ќе те избави од устата на неволјата!+
Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+
и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха.
17 Ќе се нагледаш на пресудите што ги добиваат злите;+
пресудата и правдата ќе се поддржат.
18 Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакосно
и големата откупнина+ нека не те заведе.
19 Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјата
дури ни целиот твој голем труд.+
20 Не воздивнувај за ноќта,
кога луѓето заминуваат на починка.
22 Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!
Има ли учител како него?
25 Целиот човечки род ги набљудува,
смртниот човек оддалеку ги гледа.+
26 Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+
не може да се истражи бројот на неговите години.+
27 Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+
па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла,
се излеваат врз луѓето изобилно.
29 Навистина, кој може да ги разбере посланите облаци,
татнежот од неговиот шатор?+
30 Гледај, над него ја распростира својата светлина+
и го покрива морското дно.
32 Во своите раце ја крие молњата
и ѝ заповеда да го удри напаѓачот.+
33 Неговиот татнеж+ раскажува за него,
а и стоката — за оној што доаѓа над нив.