Изреки
27 Не фали се со утрешниот ден,+ зашто не знаеш што ќе донесе денот.+
2 Друг нека те фали, а не твојата уста, туѓинец, а не твоите усни.+
3 Тежок е каменот и тешка е песокта,+ но потешко и од двете е да те разгневи безумникот.+
4 Бесот е суров и гневот е како порој,+ но кој ќе ѝ се спротивстави на љубомората?+
5 Подобар е отворен укор+ отколку скриена љубов.
6 Ударите на оној што те сака се израз на верност,+ а за бакнежите на оној што те мрази треба да молиш.+
7 Наситената душа гази саќе со мед, а на гладната душа ѝ е слатко и она што е горко.+
8 Како што е птица истерана од своето гнездо,+ таков е човекот што е истеран од своето место.+
9 Маслото и темјанот+ го веселат срцето, а исто и пријателот кој е мил, зашто дава совет од душа.+
10 Не напуштај го ниту својот пријател ниту татковиот пријател, и не влегувај во куќата на брата си во денот на својата несреќа. Подобар е соседот што е близу отколку братот што е далеку.+
11 Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето,+ за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива.+
12 Паметниот човек го гледа злото и се трга,+ а глупавите* одат понатаму и ги трпат последиците.+
13 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за туѓинец,+ и ако се здружи со блудница,* земи залог од него.+
14 Кој го благословува ближниот свој на сет глас рано наутро, тоа му се смета за проклетство.+
15 Покрив што прокапува и го тера човекот да се засолни во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто.+ 16 Кој прикрива каква е таа,* како да го запира ветрот и со десницата да фаќа масло.
17 Железо со железо се остри. Така човекот го остри лицето на друг човек.+
18 Кој ја чува смоквата, ќе јаде од нејзиниот плод,+ и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.+
19 Како што лицето во водата е одраз на нечие лице, така и во човековото срце се одразува срцето на друг човек.
20 Како што гробот* и местото на пропаста+ не можат да се наситат+ така и човечките очи никогаш не се сити.+
21 Во топилница се пречистува сребро+ и во печка злато,+ а пофалбата е испит за човекот.+
22 Со толчник да го истолчиш безумникот во аван заедно со истолчени зрна, неговата глупавост нема да го остави.+
23 Треба добро да знаеш какво е твоето стадо. Грижи се со сето срце за своите стада,+ 24 зашто богатството не трае довека,+ ниту круната* низ сите поколенија.
25 Кога зелената трева ја снемува, млада трева се појавува и се собираат билки по планините.+ 26 Младите овни ти се за облека,+ а јарците ти служат за да купиш нива. 27 Имаш доволно козјо млеко за да јадеш ти и за да јаде твојот дом, и го имаш она што им е потребно+ за живот на твоите слугинки.