Осија
5 „Чујте го ова, свештеници!+ Внимавај, доме Израелов! Послушај, доме царев!+ Вам ви се суди, зашто станавте замка+ во Миспа и мрежа оптегната над Тавор.+ 2 Во колеж загазија оние што отпаѓаат од правиот пат,+ а јас сите нив ги опоменував.+ 3 Јас го познавам Ефрем,+ и Израел не е скриен од мене.+ Зашто, ти, Ефреме, со жени блудствуваш!+ Израел се извалка.+ 4 Нивните дела не им дозволуваат да му се вратат на својот Бог,+ зашто духот на блудот+ е меѓу нив, а за Јехова не им е грижа.+ 5 Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице.+ Израел и Ефрем се спрепнуваат во својот престап,+ а и Јуда се спрепнува со нив.+ 6 Со својата ситна и крупна стока отидоа да го бараат Јехова, но не го најдоа.+ Тој се оддалечи од нив. 7 Го изневерија Јехова,+ зашто им станаа татковци на туѓи синови.+ Затоа, за еден месец ќе бидат проголтани заедно со својот имот.+
8 Затрубете во рог+ во Гаваја,+ во труба во Рама! Викнете како во војна во Вет-Авен+ — по тебе, Венијамине!+ 9 Над тебе, Ефреме, ќе се згрозуваат луѓето во денот кога ќе бидеш казнет.+ Меѓу племињата на Израел објавив верни зборови.+ 10 Кнезовите на Јуда станаа како оние што поместуваат меѓа.+ Врз нив ќе го излеам својот гнев како вода. 11 Ефрем е угнетен, со право е згазен,+ зашто по своја волја застана покрај својот противник.+ 12 А јас му станав на Ефрем како молец+ и на домот на Јуда како гнилеж.
13 Ефрем ја виде својата болест, и Јуда — чирот свој.+ Ефрем отиде во Асирија+ и му се обрати на големиот цар.+ Но тој не можеше ниту да ве излекува+ ниту да ви го отстрани чирот со некаков лек.+ 14 Зашто, ќе му бидам на Ефрем како млад лав,+ како граблив млад лав на домот на Јуда. Јас, јас ќе ги раскинам и ќе отидам, ќе ги однесам и не ќе има кој да ги спаси.+ 15 Ќе отидам и ќе се вратам на моето место додека не платат за својата вина,+ и ќе го бараат моето лице.+ Кога ќе се најдат во неволја,+ ќе ме бараат.“+