Лука
20 Еден ден, додека го поучуваше народот во храмот и ја објавуваше добрата вест, му пристапија главните свештеници и книжниците заедно со старешините+ 2 и му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа! Кој ти ја дал таа власт?“+ 3 А тој им одговори: „И јас ќе ве прашам нешто. Кажете ми,+ 4 дали крштавањето со кое крштаваше Јован беше од небото или од луѓето?“+ 5 Тогаш тие почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе рече: ‚Зошто не му верувавте?‘+ 6 А ако речеме: ‚Од луѓето‘, сиот народ ќе нѐ каменува,+ бидејќи се уверени дека Јован+ беше пророк“.+ 7 Затоа одговорија дека не знаат од каде е. 8 А Исус им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова“.+
9 Потоа на народот му ја раскажа оваа споредба: „Еден човек насади лозје.+ И го даде под закуп на лозари, па отпатува во туѓина на подолго време.+ 10 Кога дојде времето, испрати еден роб+ кај лозарите+ да му дадат дел од родот на лозјето.+ Но лозарите го претепаа и го испратија назад со празни раце.+ 11 А тој им испрати и друг роб. И него го истепаа, го осрамотија и го испратија назад со празни раце.+ 12 Испрати и трет.+ И нему му нанесоа рани и го исфрлија. 13 Тогаш сопственикот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син.+ Можеби него ќе го почитуваат‘. 14 Но кога го здогледаа, лозарите почнаа да расправаат меѓу себе: ‚Ова е наследникот! Да го убиеме, па наследството да биде наше!‘+ 15 И го исфрлија+ од лозјето и го убија.+ Значи, што ќе им направи сопственикот на лозјето?+ 16 Ќе дојде и ќе ги погуби тие лозари, а лозјето ќе им го даде на други“.+
Кога го чуја тоа, рекоа: „Тоа не смее да се случи!“ 17 Но тој ги погледна и рече: „Што значи тогаш она што е напишано: ‚Каменот што го отфрлија градителите,+ стана главен аголен камен‘?+ 18 Секој што ќе падне на тој камен, ќе се разбие,+ а врз кого тој ќе падне,+ ќе го сотре“.+
19 А книжниците и главните свештеници сакаа во истиот тој час да дигнат рака на него, бидејќи сфатија дека оваа споредба ја раскажа имајќи ги нив на ум, но се плашеа од народот.+ 20 Демнејќи го, испратија луѓе кои беа тајно најмени да се преправаат дека се праведни за да му го предадат на управителот ако каже нешто+ поради кое би дошол под негова власт и надлежност.+ 21 И тие го запрашаа: „Учителе, знаеме дека исправно зборуваш и поучуваш, и дека не си пристрасен, туку поучуваш за Божјиот пат според вистината.+ 22 Дали ни е дозволено да му плаќаме данок на цезарот или не?“+ 23 А тој го проѕре нивното лукавство и им рече:+ 24 „Покажете ми еден денариј!* Чиј лик и натпис се на него?“ Одговорија: „На цезарот“.+ 25 А тој им рече: „Тогаш, вратете му го цезаревото на цезарот,+ а Божјето на Бог!“+ 26 И не можеа да го фатат пред народот за ова што го рече, туку замолкнаа, восхитени од неговиот одговор.+
27 Но пристапија некои од садукеите,* кои велат дека нема воскресение,+ и го прашаа: 28 „Учителе, Мојсеј+ ни напиша: ‚Ако некому му умре брат кој имал жена, но немал деца, неговиот брат+ нека ја земе таа жена и со неа нека му подигне потомство на својот брат‘.+ 29 Така си беа седум браќа. Првиот зеде жена и умре без деца.+ 30 Потоа ја зеде вториот, 31 а потоа третиот. И така сите седуммина умреа без да остават деца.+ 32 На крајот умре и жената.+ 33 Според тоа, при воскресението, на кој од нив таа ќе му биде жена? Зашто, седумтемина ја имаа за жена“.+
34 А Исус им рече: „Луѓето што живеат во овој поредок* се женат и се мажат,+ 35 но оние што ќе бидат достојни+ да живеат во оној поредок+ и да воскреснат од мртвите,+ нема да се женат, ниту да се мажат. 36 Тие не ќе можат повеќе ниту да умрат,+ зашто ќе бидат како ангелите, и ќе бидат Божји деца, бидејќи ќе бидат деца на воскресението.+ 37 А дека мртвите стануваат, покажа и Мојсеј во записот за трновата грмушка,+ каде што го нарекува Јехова ‚Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘.+ 38 А тој не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто за него сите тие се живи“.+ 39 Некои книжници тогаш рекоа: „Учителе, добро рече“. 40 И не се осмелија повеќе за ништо да го прашаат.
41 Тогаш тој ги праша: „Како можат да кажат дека Христос* е син Давидов?+ 42 Зашто, самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Јехова му рече на мојот Господар:* седи од мојата десна страна 43 додека не ги положам твоите непријатели за подножје на твоите нозе!‘+ 44 Значи, Давид го нарекува ‚Господар‘, па како тогаш му е син?“
45 Додека целиот народ слушаше, на учениците им рече:+ 46 „Чувајте се од книжниците кои сакаат да одат во долги облеки и да бидат поздравувани на плоштадите и да ги заземаат предните седишта во синагогите и најдобрите места на вечерите,+ 47 и ги проголтуваат куќите на вдовиците+ и долго се молат само за да ги видат другите! Тие ќе добијат построга пресуда“.+