Дела на апостолите
24 По пет дена дојде првосвештеникот Ананија+ со некои старешини и со еден говорник кој ги застапуваше, некојси Тертул, па ги изнесоа пред управителот+ обвиненијата против Павле.+ 2 А кога го викнаа Тертул, тој почна да го обвинува Павле:
„Големиот мир,+ кој со твоја заслуга го уживаме, како и промените на подобро, кои поради твојата грижа му се случуваат на овој народ, 3 ние секогаш и насекаде, возвишен+ Феликсе, ги примаме со најголема благодарност. 4 Но за да не те задржувам повеќе, те молам накратко да нѐ сослушаш со твојата добродушност. 5 Установивме дека овој човек е вистинска напаст,+ дека крева бунтови+ меѓу сите Евреи по целиот свет,* дека е ороводец на назареќанската секта+ 6 и дека се обиде и храмот да го оскверни,+ па го фативме. 7 * —— 8 Ако го испрашаш за сето тоа, можеш и самиот да дознаеш за што го обвинуваме“.
9 А и Евреите го поддржаа, тврдејќи дека е така. 10 Тогаш Павле, кога управителот му кимна да зборува, одговори:
„Поради тоа што знам дека многу години си му судија на овој народ, со мирна душа се бранам.+ 11 Како што можеш да дознаеш и самиот, нема повеќе од дванаесет дена откако отидов во Ерусалим за да му се поклонам на Бог.*+ 12 И не ме најдоа ниту да се препирам со некого во храмот+ ниту да кревам бунт меѓу народот,+ ниту по синагогите ниту во градот. 13 А тие не можат да ти го докажат+ она за кое сега ме обвинуваат. 14 Но ти го признавам ова: живеам според учењето кое тие го нарекуваат ‚секта‘, и според тоа учење му служам* на Богот на своите прататковци,+ верувајќи во сето она што е во Законот+ и што е напишано во Пророците. 15 И имам надеж,+ која ја имаат и тие, дека Бог ќе ги воскресне+ и праведните+ и неправедните.+ 16 Затоа се трудам секогаш да имам чиста совест+ и да не му згрешам ниту на Бог ниту на луѓето. 17 Така, по многу години, дојдов да му донесам на својот народ дарови за сиромашните и да принесам жртви.+ 18 Додека го правев тоа, ме најдоа исчистен во храмот,+ но не со некоја толпа, ниту во метеж. Но, таму беа некои Евреи од Азија, 19 кои би требало да дојдат пред тебе и да ме обвинат ако имаат нешто против мене.+ 20 Или овие тука сами нека кажат каква вина најдоа на мене додека стоев пред Судскиот совет,* 21 освен ако станува збор за онаа една изјава што ја кажав додека стоев меѓу нив: ‚Поради воскресението на мртвите денес ми се суди пред вас!‘ “+
22 Но Феликс,+ кој беше многу добро запознат со овој Пат,*+ ја одложи нивната парница, велејќи: „Кога ќе дојде илјаданачалникот Лисиј,+ ќе го решам вашиот спор“. 23 И му нареди на стотникот да го чува Павле в затвор, но да му даде некои олеснувања и никому од неговите да не му брани да го послужува.+
24 По неколку дена, дојде Феликс+ со својата жена Друзила, која беше Еврејка.+ Испрати по Павле и го сослуша за верата во Христос Исус.+ 25 А додека Павле зборуваше за праведноста,+ за самосовладувањето+ и за судот+ што ќе дојде, Феликс се уплаши и рече: „Засега оди, а кога ќе најдам време, пак ќе те повикам“. 26 Притоа се надеваше и дека Павле ќе му даде пари.+ Затоа и почесто го викаше и разговараше со него.+ 27 А кога поминаа две години, Порциј Фест го наследи Феликс. Бидејќи Феликс сакаше да им угоди+ на Евреите, го остави Павле во окови.