2. Коринќаните
7 И така, бидејќи ги имаме овие ветувања,+ сакани, да се исчистиме+ од секоја валканост на телото и духот,+ и да се усовршуваме во светоста во Божји страв.+
2 Направете место за нас во своите срца.+ Никому не сме му направиле ништо лошо, никого не сме упропастиле, никого не сме искористиле.+ 3 Не го велам ова за да ве осудам. Зашто, веќе реков дека сте во нашите срца, без разлика дали умираме или живееме.+ 4 Вам можам да ви зборувам многу отворено. Многу се гордеам со вас.+ Исполнет сум со утеха,+ преплавен сум со радост и покрај сета наша неволја.+
5 Навистна, кога дојдовме во Македонија,+ не постоеше олеснување за нашето тело,+ туку и понатаму нѐ снаоѓаа неволји+ од сите страни — однадвор борби, однатре стравови. 6 Но Бог, кој ги теши+ потиштените, нѐ утеши со присутноста* на Тит. 7 И не само со неговата присутност туку и со утехата со која се утеши поради вас, зашто нѐ извести+ за вашата искрена желба за каење, за вашата тага, за вашата голема грижа за мене, така што уште повеќе се израдував.
8 Затоа, и да сум ве разжалостил со моето писмо,+ не ми е жал. И да ми било жал — гледам дека тоа писмо ве разжалостило, додуша накратко — 9 сега се радувам, не затоа што сте се разжалостиле, туку затоа што таа жалост ве навела на покајание,+ бидејќи сте се разжалостиле во склад со Божјата волја,+ па поради нас не претрпевте никаква штета. 10 Имено, жалоста која е во склад со Божјата волја поттикнува на покајание* што води до спасение, поради кое не треба да се жали,+ а жалоста што му е својствена на овој свет донесува смрт.+ 11 Зашто, еве, токму тоа што сте се разжалостиле во склад со Божјата волја+ родило горливост во вас, и исчистување, и огорчување, и страв, и искрена желба за каење, и ревност, и исправање на она што е погрешно.+ Во секој поглед покажавте дека сте чисти во тоа. 12 Значи, иако ви пишав, не го сторив тоа поради оној што постапил неисправно,+ ниту поради оној на кого му е направено лошо, туку за да ја покажете пред Бог вашата искрена желба да нѐ послушате. 13 Затоа се утешивме.
А покрај таа наша утеха уште повеќе се израдувавме поради радоста на Тит, зашто сите вие сте го закрепнале неговото срце.*+ 14 Зашто, ако сум му се фалел со нешто за вас, не се посрамив, туку како што е вистина сѐ што ви зборувавме, така и она со кое се фалевме+ пред Тит беше вистинито. 15 И неговата љубов кон вас е уште посилна кога ќе се сети на послушноста на сите вас,+ како сте го примиле со страв и почит. 16 Се радувам затоа што вашиот пример во сѐ ми дава храброст.+