Исус Навин
9 Кога чуја за тоа, сите цареви+ што беа од оваа страна на Јордан во планините, во Шефела,* по должината на целиот брег на Големото Море*+ и под Ливан+ — Хетејците,+ Аморејците, Ханаанците,+ Ферезејците,+ Евејците и Евусејците+ — 2 се здружија за да тргнат во војна сите заедно против Исус Навин и Израел.+
3 И жителите на Гаваон+ слушнаа што им направи Исус Навин на Ерихон+ и на Гај.+ 4 Затоа мудро+ се досетија што да направат. Отидоа и си собраа храна, зедоа ветви вреќи за своите магариња и ветви, испокинати и закрпени мешини за вино,+ 5 обуја износени и крпени сандали, облекоа износени алишта, а целиот леб што го понесоа беше сув и ронлив. 6 Потоа дојдоа кај Исус Навин во логорот во Гилгал+ и им рекоа нему и на мажите на Израел: „Доаѓаме од далечна земја. Склучете сојуз+ со нас!“ 7 Но Израелците им рекоа на тие Евејци:+ „Можеби живеете некаде во наша близина. Тогаш како да склучиме сојуз со вас?“+ 8 А тие му одговорија на Исус Навин: „Твои слуги сме“.+
А Исус Навин ги запраша: „Кои сте и од каде доаѓате?“ 9 Тие му одговорија: „Од многу далечна земја+ доаѓаат твоите слуги заради името+ на Јехова, твојот Бог. Зашто, чувме за неговата слава, за сѐ што направил тој во Египет+ 10 и за сето она што им го направил на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан — Сихон,+ царот на Есевон, и Ог,+ царот на Васан, кој беше во Астарот.+ 11 Тогаш нашите старешини и сите жители на нашата земја ни рекоа:+ ‚Земете си храна за по пат, па појдете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме.+ Склучете сојуз со нас!“ ‘+ 12 Овој наш леб беше топол кога го понесовме на пат од нашите домови, во оној ден кога тргнавме кај вас, а, еве, сега е сув и ронлив.+ 13 Ова се винските мешини што ги наполнивме нови, а, еве, сега се искинати.+ А и овие наши алишта и сандали изветвија од далечниот пат“.
14 Тогаш Израелците зедоа од нивната храна за да го проверат тоа, а не го прашаа Јехова за совет.+ 15 Така Исус Навин склучи мир со нив+ и склопи сојуз дека ќе ги остави живи, а поглаварите+ на заедницата им се заколнаа.+
16 Но по три дена откако склучија сојуз со нив, слушнаа дека тие им биле соседи и дека живеат близу до нив. 17 На третиот ден тргнаа синовите на Израел и дојдоа во нивните градови — а нивни градови беа: Гаваон,+ Кефира,+ Веерот+ и Киријат-Јарим.+ 18 Но синовите на Израел не ги нападнаа, зашто поглаварите на заедницата им се беа заколнале+ во Јехова, Богот на Израел.+ И целиот народ почна да мрмори против поглаварите.+ 19 Тогаш сите поглавари ѝ рекоа на целата заедница: „Ние им се заколнавме во Јехова, Богот на Израел, и затоа сега не смееме да ги допреме.+ 20 Вака ќе им направиме кога веќе ги оставаме живи, за да не нѐ стигне Божјиот гнев поради заклетвата со која им се заколнавме“.+ 21 Затоа поглаварите им рекоа: „Нека останат живи, па нека сечат дрва и нека носат вода за целата заедница,+ како што им ветивме“.+
22 Потоа Исус Навин ги повика и им рече: „Зошто нѐ измамивте, велејќи: ‚Живееме многу далеку од вас‘,+ а вие сте живееле меѓу нас?+ 23 Затоа сега, да сте проклет+ народ! Довека ќе бидете робови+ и ќе сечете дрва и ќе носите вода за домот на мојот Бог“.+ 24 А тие му одговорија на Исус Навин: „Твоите слуги слушаа многу за тоа дека Јехова, твојот Бог, му заповедал на Мојсеј, својот слуга, да ви ја предаде целата оваа земја и од пред вас да ги истреби сите жители на оваа земја,+ па поради вас многу се исплашивме за своите души.+ Затоа го направивме ова.+ 25 И еве, сега сме во твои раце. Направи го со нас она што мислиш дека е добро и исправно“.+ 26 И тој така и им направи, и ги избави од раката на Израеловите синови, па не ги убија.+ 27 Тој ден Исус Навин одреди+ да сечат дрва и да носат вода за заедницата+ и за Јеховиниот жртвеник на местото што ќе го избере Тој.+ Тие го прават тоа до ден-денес.