Естира
10 Цар Ахасвер им наметна присилна работа на луѓето во целото негово царство — и на копнениот дел и на морските острови.
2 Сите негови големи потфати и моќни дела, како и деталниот извештај за високата положба на која го постави Мардохеј, се запишани во летописите на медиските и персиските цареви. 3 Евреинот Мардохеј беше втор човек во царството, веднаш по цар Ахасвер. Беше многу ценет меѓу Евреите и ја стекна нивната почит. Тој ги застапуваше интересите на својот народ и се залагаше за доброто* на сите нивни потомци.