4 Тој ќе суди меѓу народите+ и ќе создаде складност меѓу многу народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат.+
9 Повеќе нема да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора,+ зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода.+
14 Ќе бидеш втемелена на правдата.+ Ќе бидеш далеку од угнетувањето,+ зашто нема да се плашиш од никого, а и далеку од стравотиите, зашто нема да ти се приближат.+
8 И ќе се улогорам како стража за својот дом+ за никој да не може ниту да доаѓа ниту да заминува. И надзорникот повеќе нема да доаѓа меѓу нив,+ зашто сега видов сѐ со свои очи.+