Исаија
11 Фиданка+ ќе изникне од пенушката на Јесеј,+ подник+ од неговиот корен ќе донесува плод.+ 2 Врз него ќе почива Јеховиниот дух,+ духот на мудроста+ и разборитоста,*+ духот на советот и на силата,+ духот на знаењето+ и на стравот од Јехова.+ 3 Тој ќе ужива во стравот од Јехова.+
Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша.+ 4 По правда ќе им суди на сиромасите,+ праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата. Ќе ја удри земјата со пратот на својата уста,+ со здивот* на својата уста ќе ги погуби злите.+ 5 Колковите ќе си ги опаше со праведност,+ а бедрата со верност.+
6 Волкот ќе живее со јагнето,*+ леопардот ќе лежи со јарето, телето и младиот лав+ и згоеното животно ќе бидат заедно,+ а мало дете ќе ги води. 7 Крава и мечка ќе јадат заедно, а нивните младенчиња ќе лежат едно до друго. Лавот ќе јаде слама како бик.+ 8 Доенчето ќе си игра над дупката на кобра,+ детето одбиено од гради ќе ја става раката на дупка од змија отровница. 9 Повеќе нема да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора,+ зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода.+
10 Во тој ден+ ќе се појави коренот на Јесеј,+ кој ќе стане како собирен знак за народите.+ Од него ќе бараат совет народите,+ и неговото живеалиште ќе биде славно.+
11 Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+ 12 И ќе им го подигне собирниот знак на народите и ќе ги собере распрснатите синови на Израел+ и ќе ги собере расеаните синови на Јуда од четирите краишта на земјата.+
13 Ќе исчезне љубомората на Ефрем,+ ќе бидат истребени непријателите на Јуда. Ефрем нема да му биде љубоморен на Јуда, а Јуда нема да му биде непријател на Ефрем.+ 14 На филистејските плеќи ќе полетаат кон запад,+ заедно ќе ги опљачкаат синовите на Истокот.+ Ќе ја испружат својата рака против Едом и Моав,+ а синовите на Амон ќе им бидат покорни.+ 15 А Јехова ќе го исуши заливот на египетското море+ и со својата рака ќе замавне на Реката+ со жарот на својот здив. Ќе нападне седум нејзини надојдени ракави и ќе направи луѓето да ги преминуваат во сандали.+ 16 А за остатокот+ од неговиот народ, кој ќе преостане,+ ќе биде подготвен друм+ од Асирија, како што му беше подготвен на Израел во денот кога излезе од египетската земја.