3 тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+
18 „Во тие денови домот на Јуда ќе оди покрај домот на Израел,+ и заедно+ ќе тргнат од северната земја кон земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.+
6 И ќе ги свртам кон нив своите очи за да им направам добро+ и ќе ги вратам во оваа земја.+ Ќе ги изградам и нема да ги урнам, ќе ги засадам и нема да ги искорнам.+
3 Зашто, „еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе го соберам својот заробен народ, Израел и Јуда“,+ вели Јехова, „и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов на нивните татковци, и тие пак ќе ја заземат“ ‘ “.+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+