1Во првата година на Кир,+ персискиот цар, за да се исполни Јеховината реч објавена преку устата на Еремија,+ Јехова го поттикна срцето*+ на персискиот цар Кир, па тој нареди да се објави следново и усно+ и писмено,+ по целото негово царство:
2 Објавено ми е страшно видение:+ „Предавникот врши предавство, а пустошителот пустоши.+ Напред, Еламе! Почни со опсада, Медијо!+ Ќе направам никој повеќе да не воздивнува поради неа“.+
45Јас, Јехова, вака му велам на својот помазаник+ Кир, кого го фатив за десницата,+ за да ги покорам пред него народите+ и да ги ослабам царевите, да отворам пред него двокрилна врата, за да не биде затворена градската порта:
9 Зашто, еве, ќе подигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи од северната земја,+ и тие ќе се наредат за бој против него.+ Оттаму ќе биде освоен.+ Нивните стрели се како кај силен човек кој им ги убива децата на родителите и не се враќа без успех.+