Исаија
21 Објава против морската пустина:+ „Како што надоаѓаат виори+ од југ, така доаѓа неволја од пустината, од страшната земја“.+ 2 Објавено ми е страшно видение:+ „Предавникот врши предавство, а пустошителот пустоши.+ Напред, Еламе! Почни со опсада, Медијо!+ Ќе направам никој повеќе да не воздивнува поради неа“.+ 3 Затоа тешки болки добив во колковите.+ Ме фатија грчеви како родилка.+ Толку се збунив што не слушам; толку се вознемирив што не гледам. 4 Моето срце не наоѓа мир, ме обзема трепет. Од примракот што го сакав ми минуваат морници.+
5 Нека се постави трпеза, на трпезата нека распоредат места за седење, нека се јаде и пие!+ Станете, кнезови,+ помазајте го штитот!+ 6 Зашто, вака ми рече Јехова:
„Оди, постави стражар за да ти јави што гледа!“+
7 И тој виде бојна кола со два впрегнати коња, бојна кола со магариња и бојна кола со камили. И внимаваше добро, со големо внимание. 8 И се огласи како лав:+ „На стражарската кула, о Јехова, непрестајно стојам дење, на своето стражарско место стојам по цела ноќ.+ 9 Ене, доаѓаат луѓе на бојна кола со два впрегнати коња!“+
Потоа извика: „Падна! Падна Вавилон!+ Бог ги разби од земја сите режани ликови на неговите богови!“+
10 Народе мој, кој си како овршено жито, чедо на моето гумно!+ Тоа што го чув од Јехова над војските, Богот на Израел, тоа ви го објавив.
11 Објава против Дума.* Некој ми вика од Сеир:+ „Стражару, кое доба на ноќта е? Стражару, кое доба на ноќта е?“+ 12 Стражарот одговара: „Ќе дојде утро, а потоа повторно ноќ. Ако сакате да прашате, прашајте! Дојдете пак!“
13 Објава против пустинската рамница: Во шумата во пустинската рамница ќе ноќевате вие, каравани на Деданците.+ 14 Изнесете вода пред жедниот! Жители на земјата Тема,+ излезете со леб пред бегалецот! 15 Зашто, тие бегаат од мечевите, од извлечениот меч, од оптегнатиот лак, од жестоката војна.
16 Зашто, вака ми рече Јехова: „Уште најмногу една година, колку што трае наемничката година,+ ќе исчезне сета слава на Кидар.+ 17 А од бројните стрелци, храбри синови на Кидар, ќе има малку такви што ќе преостанат,+ зашто така рече Јехова, Богот на Израел“.+