15 Повеќе нема да бидеш оставена ниту омразена, град низ кој никој не поминува,+ туку ќе направам да бидеш гордост довека, радост од поколение во поколение.+
7 Наместо срам, мојот народ ќе добие двоен дел,+ наместо понижување, ќе воскликнува радосно поради своето наследство.+ Затоа во својата земја ќе добијат во сопственост двоен дел.+ Тие ќе имаат вечна радост.+
10 „Не плаши се, слуго мој, Јакове!“ — вели Јехова. „Не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те спасам тебе од далечна земја, и твоите потомци од земјата на нивното заробеништво.+ Ќе се врати Јаков, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.“+
9 Неговото име ќе ми биде за радост,+ за фалба и за убавина пред сите народи на земјата, кои ќе чујат за сето добро што ќе им го направам.+ И ќе се исплашат+ и ќе затреперат+ поради сето добро и поради сиот мир што ќе им го дадам‘.“+
25 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сега ќе го вратам заробениот народ на Јаков+ и ќе му се смилувам на сиот дом на Израел.+ И верно ќе го бранам моето свето име.+