Матеј
14 Во тоа време тетрархот* Ирод* чу глас за Исус,+ 2 па им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител. Тој воскресна од мртвите и затоа прави моќни дела“.*+ 3 Зашто, Ирод го фати Јован, го врза и го фрли в затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип.+ 4 Зашто, Јован му велеше: „Законот не ти дозволува да ја имаш за жена“.+ 5 И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, бидејќи го сметаа за пророк.+ 6 Но кога се славеше роденденот+ на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред нив и толку му се допадна на Ирод 7 што тој се заколна дека ќе ѝ даде сѐ што ќе побара.+ 8 Тогаш таа, наговорена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на послужавник главата на Јован Крстител!“+ 9 Иако царот се нажали, сепак заповеда да ѝ ја дадат поради заклетвата и поради гостите.*+ 10 И испрати луѓе во затворот да му ја отсечат главата на Јован. 11 И ја донесоа неговата глава на послужавник и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ѝ ја однесе на мајка си.+ 12 А учениците на Јован дојдоа, го однесоа телото и го закопаа,+ па отидоа и му јавија на Исус. 13 Кога чу за тоа, Исус замина оттаму со чамец и отиде на пусто место за да биде сам.+ Но народот дозна за тоа, па тргна по него пеш од градовите.
14 Кога излезе, виде многу народ, па се сожали+ на нив и ги излекува нивните болни.+ 15 А кога се свечери, му пријдоа учениците и рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна. Распушти го народот, нека оди по селата и нека си купи нешто за јадење“.+ 16 А Исус им рече: „Не треба да одат, дајте им вие да јадат“.+ 17 Тие му одговорија: „Овде немаме ништо друго, освен пет леба и две риби“.+ 18 А тој рече: „Донесете ми ги тука“. 19 И му заповеда на народот да испоседне* на тревата. Потоа ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото и кажа благослов,+ па ги раскрши лебовите и им ги раздели на учениците, а учениците на народот.+ 20 И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — дванаесет полни кошници.+ 21 А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не сметајќи ги жените и децата.+ 22 Веднаш потоа ги натера учениците да влезат во чамецот и да отидат пред него на другата страна додека тој да го распушти народот.+
23 Штом го распушти народот, се качи на гората сам за да се моли.+ А кога се свечери, тој сѐ уште беше таму сам. 24 Чамецот веќе беше далеку* од копното и одвај им се спротивставуваше на брановите,+ бидејќи пловеше спроти ветрот. 25 Но во текот на четвртата ноќна стража* тој дојде до нив, одејќи по морето.+ 26 Кога го здогледаа како оди по морето, учениците се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“+ И од страв почнаа да викаат. 27 Но Исус веднаш им се обрати со зборовите: „Бидете храбри, јас сум! Не плашете се!“+ 28 А Петар му рече: „Господару, ако си ти, заповедај ми да дојдам кај тебе по водата!“ 29 А тој рече: „Дојди!“ И Петар излезе од чамецот+ и, одејќи по водата, тргна кон Исус. 30 Но кога го виде бурниот ветар, се исплаши и почна да тоне, па извика: „Господару, спаси ме!“ 31 А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“+ 32 Кога влегоа во чамецот, бурниот ветар стивна. 33 Тогаш оние во чамецот му се поклонија и рекоа: „Навистина, ти си Божји Син“.+ 34 И преминаа на другата страна и дојдоа на копно во Генисарет.+
35 Кога луѓето од тој крај го препознаа, го разгласија тоа по целата околија. И му ги доведуваа сите кои беа болни.+ 36 И го молеа барем да го допрат работ од неговата облека.+ И сите што го допреа, оздравеа.