2. Царевите
2 Пред Јехова да го земе Илија+ на небото во виор,+ Илија и Елисеј+ заминаа од Гилгал.*+ 2 И Илија му рече на Елисеј: „Те молам, остани овде, зашто Јехова ме испраќа во Ветил“. Но Елисеј рече: „Како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ нема да те оставам!“+ И отидоа во Ветил.+ 3 А пророчките синови*+ што беа во Ветил дојдоа кај Елисеј и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Јехова ќе го земе твојот господар за да не ти биде повеќе учител?“+ Тој одговори: „Знам,+ молчете!“
4 Потоа Илија му рече: „Елисеј, те молам остани овде, зашто мене Јехова ме испраќа во Ерихон“.+ Но тој рече: „Како што е жив Јехова и како што е жива твојата душа, нема да те оставам!“ И отидоа во Ерихон. 5 А пророчките синови што беа во Ерихон му пристапија на Елисеј и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Јехова ќе го земе твојот господар за да не ти биде повеќе учител?“ Тој одговори: „Знам, молчете!“+
6 Илија повторно му рече: „Те молам, остани овде, зашто мене Јехова ме испраќа до Јордан“.+ Но тој рече: „Како што е жив Јехова и како што е жива твојата душа, нема да те оставам!“+ И двајцата отидоа. 7 А педесет луѓе од пророчките синови појдоа по нив, и кога тие двајца застанаа крај Јордан, овие стоеја оддалеку и ги набљудуваа.+ 8 Тогаш Илија ја зеде својата пророчка наметка,+ ја свитка и удри со неа по водата, а водата се раздели на две страни, па двајцата преминаа по суво.+
9 А кога преминаа на другата страна, Илија му рече на Елисеј: „Кажи ми што сакаш да направам за тебе пред да бидам земен од тебе“.+ Елисеј му рече: „Те молам, нека ми припадне+ двоен дел+ од твојот дух“.+ 10 А тој одговори: „Многу бараш.+ Ако ме видиш кога ќе бидам земен од тебе, ќе ти биде така, а ако не, нема да ти биде“.
11 И додека одеа така и разговараа, гледај, огнена бојна кола+ со огнени коњи застана меѓу нив, и Илија се вознесе во виор на небото.+ 12 А Елисеј го гледаше тоа и викаше: „Татко мој, татко мој!+ Бојната кола на Израел и неговите коњаници!“+ И повеќе не го виде. Тогаш ја фати својата облека и ја раскина надве.+ 13 И ја подигна пророчката наметка+ на Илија, која падна од него, па се врати и застана на брегот на Јордан. 14 Тогаш ја зеде пророчката наметка на Илија, која му падна, удри со неа по водата+ и рече: „Каде е Јехова, Богот на Илија?“+ Кога удри по водата, водата се раздели на две страни и Елисеј премина.
15 Кога го видоа оддалеку, пророчките синови од Ерихон рекоа: „Духот+ на Илија слегол на Елисеј“. Затоа му излегоа во пресрет и му се поклонија+ до земја. 16 И му рекоа: „Еве, со твоите слуги овде има педесет храбри луѓе. Дозволи да отидат и да го бараат твојот господар. Можеби Јеховиниот дух+ го подигнал и го фрлил на некаква планина или во некоја долина“. А тој рече: „Не праќајте ги!“ 17 Но тие упорно го наговараа сѐ додека не му стана непријатно, па рече: „Испратете ги!“ И ги испратија тие педесетмина. Тие го бараа три дена, но не го најдоа. 18 Кога се вратија кај него во Ерихон,+ каде што престојуваше, тој им рече: „Зарем не ви реков да не одите?“
19 По некое време, луѓето од градот му рекоа на Елисеј: „Гледај, градот е на добра положба,+ како што гледаш и самиот, господару, но водата+ е лоша и предизвикува пометнувања во земјата“.+ 20 А тој рече: „Донесете ми нова чинија и ставете во неа сол!“ И му ја донесоа. 21 А тој отиде на еден извор на вода и фрли во него сол,+ велејќи: „Вака вели Јехова: ‚Ја оздравувам оваа вода.+ Повеќе нема да предизвикува ни смрт ни пометнувања‘ “. 22 И водата стана здрава и таква е до ден-денес,+ според речта што ја изрече Елисеј.
23 Оттаму отиде во Ветил.+ Додека се искачуваше по патот, од градот излегоа деца+ и почнаа да го исмејуваат:+ „Оди, ќелавко!+ Оди, ќелавко!“ 24 А тој се сврти, и кога ги виде, ги проколна+ во името на Јехова. Тогаш излегоа од шумата две мечки+ и ги растргнаа четириесет и двете деца.+ 25 Оттука отиде на планината Кармил,+ а оттаму се врати во Самарија.