Изреки
18 Оној што се изолира, оди по своите себични желби,+ се спротивставува на секоја мудрост.*+
2 На глупавиот не му е мила разборитоста,+ освен кога сака да ја покаже мудроста на своето срце.+
3 Кај што ќе влезе зол човек, таму ќе влезе и презирот,+ а со срамот+ доаѓа и подбивот.
4 Зборовите од човековата уста се длабоки води.+ Изворот на мудроста е порој што се разлева.+
5 Не чини да бидеш пристрасен кон злиот,+ ниту да го лишиш од правда праведниот.+
6 Усните на безумникот се впуштаат во караница+ и со својата уста си ги бара ударите.+
7 Устата на безумникот е пропаст за него+ и неговите усни му се замка за душата.+
8 Зборовите на клеветникот се како залаци што се голтаат лакомо,+ се спуштаат до дното на утробата.+
9 Кој е немарен во работата,+ брат му е на оној што донесува пропаст.+
10 Името на Јехова е цврста кула.+ Во неа бега праведникот и наоѓа заштита.+
11 Богатството му е утврден град на богатиот+ и е како висок ѕид во неговото мечтаење.+
12 Пред пропаста, човековото срце е вообразено,+ а пред славата оди понизноста.+
13 Кој одговара пред да сослуша,+ тоа е за него глупост и срам.+
14 Духот го крепи човекот кога е болен,+ а скршен дух кој ќе поднесе?+
15 Срцето на разборитиот стекнува знаење+ и увото на мудрите бара знаење.+
16 Подарокот му ја отвора ширум вратата на човекот+ и го доведува пред големците.+
17 Кој е прв во својата парница, праведен е,+ а потоа доаѓа неговиот ближен и со испитување ги побива неговите зборови.+
18 Ждрепката ги смирува караниците,+ а и меѓу моќниците одлучува.+
19 Навредениот брат е потврд од утврден град,+ и некои караници се како резе на кула.+
20 Човекот си го наситува стомакот со плодот од својата уста,+ се наситува со родот на своите усни.+
21 Смртта и животот се во власта на јазикот,+ и кој го сака, ќе го јаде неговиот плод.+
22 Кој нашол добра жена,+ нашол добро,+ и кон него Јехова покажува наклоност.+
23 Сиромавиот зборува молејќи,+ а богаташот одговара остро.+
24 Има луѓе што се готови да го уништат својот другар,+ но има и пријатели поприврзани од брат.+