Изреки
2 Јехова му покажува наклоност на добриот човек,
но го осудува оној што крои зли планови.
3 Никој не може да стекне сигурност правејќи зло,
а праведниот нема никогаш да биде искоренет.
4 Добрата* жена е круна за својот маж,
а жената што го срамоти својот маж е како гнилеж во неговите коски.
5 Мислите на праведните се исправни,
а советите од злобните се измамливи.
7 Кога злобните ќе бидат соборени, повеќе ќе ги нема,
а куќата на праведните ќе стои цврсто.
8 Луѓето го фалат оној што зборува разборито,
но го презираат оној што има изопачено срце.
10 Праведниот се грижи за своите животни,
а злобниот е суров дури и кога мисли дека покажува милост.
11 Оној што ја обработува својата земја ќе има храна во изобилство,
а оној што трча по безвредни работи е неразумен.*
12 Злобниот човек им завидува на другите злобни луѓе на нивниот плен,
а праведниот е како дрво со длабоки корења кое раѓа плод.
13 Злобниот се фаќа во замка поради своите грешни зборови,
а праведниот се избавува од неволји.
14 Човекот ќе ужива во доброто од плодовите на своите зборови,
и неговиот труд ќе му донесе награда.
15 Глупавиот си мисли дека секогаш е во право,
а мудриот прифаќа совет.
19 Устата која ја зборува вистината ќе остане засекогаш,
а лажливиот јазик има краток век.
20 Во срцето на оние што смислуваат зло има измама,
а оние што градат мир бликаат од радост.
21 Праведниот нема да претрпи никаква штета,
а злобниот нема глава да крене од неволји.
22 Лажливите усни му се одвратни на Јехова,
а оние што постапуваат верно го радуваат.
23 Разумниот човек не открива сѐ што знае,
а глупавиот ја разгласува својата глупавост.
24 Раката на трудољубивите ќе господари,
а мрзливата рака води во ропство.
25 Од загриженост срцето на човекот му премалува,
а добриот збор го разведрува.
26 Праведниот внимателно ги избира своите пасишта,
а злобните ги заведува нивниот пат.
27 Мрзливиот нема да го улови својот плен,
а трудољубивоста е скапоцено богатство за човекот.
28 Патот на праведноста води во живот;
нејзината патека не води во смрт.