Откровение
4 Потоа видов, и гледај, отворена врата на небото. Првиот глас што го чув беше како звук на труба.+ И ми се обрати со зборовите: „Качи се ваму,+ и ќе ти го покажам она што ќе се случи“.+ 2 И веднаш духот ме обзеде, и гледај, на небото+ стоеше престол+ и некој седеше на престолот.+ 3 И тој што седеше изгледаше+ како камен јаспис+ и како скапоцен камен со црвена боја, а околу престолот имаше виножито,+ слично на смарагд.+
4 Околу престолот имаше дваесет и четири престоли, и на тие престоли+ седеа дваесет и четири+ старешини+ облечени во бели облеки,+ со златни круни на главите.+ 5 И од престолот излегуваа молњи+ и гласови и громови.+ Седум огнени светилки+ гореа пред престолот — тие ги претставуваат седумте Божји духови.+ 6 И пред престолот имаше нешто како стаклено море+ слично на кристал.
Среде престолот и околу престолот имаше четири суштества+ полни со очи однапред и одназад. 7 Првото суштество личеше на лав,+ второто суштество личеше на млад бик,+ третото суштество+ имаше лице како на човек, а четвртото суштество+ беше како орел кој лета.+ 8 Секое од тие четири суштества+ имаше по шест крилја.+ Насекаде по телото и под крилјата беа полни со очи.+ И суштествата, без починка, дење и ноќе, зборуваа: „Свет, свет, свет е Јехова+ Бог, Семоќниот,+ кој беше и кој е+ и кој доаѓа!“
9 И секогаш кога тие суштества му оддаваа слава, чест и благодарност+ на оној што седеше на престолот,+ на оној што живее во сета вечност,+ 10 дваесет и четирите старешини+ паѓаа ничкум пред оној што седи на престолот и му се поклонуваа*+ на оној што живее во сета вечност, и ги фрлаа своите круни пред престолот, велејќи: 11 „Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата+ и честа+ и моќта,+ бидејќи ти создаде сѐ,+ и поради твојата волја+ сѐ постои и е создадено“.+