Захарија
11 „Отвори ги вратите, Ливане,+ за оган да ги проголта кедрите твои!+ 2 Плачи горко, смреко, зашто кедарот падна, зашто моќните стебла се опустошени.+ Плачете горко, големи стебла васански, зашто непроодната шума е соборена.+ 3 Чујте го горкото плачење на овчарите,+ зашто нивното величество е опустошено.+ Чујте го рикањето на младите лавови, зашто се опустошени честаците на Јордан.+
4 Вака вели Јехова, мојот Бог: ‚Паси ги овците одредени за колење,+ 5 кои купувачите нивни ги колат,+ а никој не ги се смета за виновни.+ А оние што ги продаваат+ велат: „Нека е благословен Јехова зашто ќе се збогатам!“+ И нивните пастири немаат сомилост кон нив‘.+
6 ‚Ни јас повеќе нема да имам сомилост кон жителите на оваа земја‘,+ вели Јехова. ‚Еве, го предавам секој човек во рацете на неговиот ближен+ и во рацете на неговиот цар.+ И тие ќе ја пустошат земјата, а јас нема никого да избавам од нивните раце.‘ “+
7 И заради вас, несреќници од стадото,+ го пасев стадото+ одредено за колење.+ И зедов два стапа.+ Едниот го нареков Наклоност,+ а другиот Врска.+ Така го пасев стадото. 8 Најпосле, во еден месец*+ отстранив три овчари, зашто повеќе немав трпение со нив,+ а и јас ним им бев одвратен. 9 Потоа реков: „Нема повеќе да ве пасам!+ Која мора да пцовиса, нека пцовиса! Која мора да исчезне, нека исчезне!+ А тие што ќе останат, нека си го изедат месото една на друга!“+ 10 И го зедов својот стап Наклоност+ и го исеков+ за да го раскинам сојузот што го склучив со својот народ.+ 11 И на тој ден беше раскинат, а несреќниците од стадото,+ кои ме набљудуваа,+ на тој начин спознаа дека тоа беше реч од Јехова.
12 Тогаш им реков: „Ако е тоа добро во ваши очи,+ дајте ми плата, ако не е, не давајте ми“. И ми ја исплатија платата — триесет сребреници.+
13 Тогаш Јехова ми рече: „Фрли ја во ризницата+ таа голема вредност со која ме проценија!“+ И ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во ризницата на Јеховиниот дом.+
14 Тогаш го исеков и својот друг стап, Врската,+ за да го раскинам братството+ помеѓу Јуда и Израел.+
15 И Јехова ми рече: „Земи ја и опремата на бескорисниот овчар.+ 16 Зашто, еве, јас ќе дадам во земјата да се подигне овчар.+ Нема да води грижа за исчезнатите овци,+ нема да ги бара младите, нема да ги лечи повредените.+ Оние што можат да стојат нема да ги храни, од згоените месото ќе го јаде+ и папците ќе им ги откинува.+ 17 Тешко на мојот безвреден овчар,+ кој го остава стадото!+ Меч ќе му се надвие над раката и над десното око. Раката сосема ќе му се исуши,+ а десното око сосема ќе му потемни“.