Лука
13 Токму во тоа време таму имаше некои што му раскажаа за Галилејците,+ чија крв Пилат ја беше измешал со крвта на жртвите што ги принесуваа. 2 А Исус им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа поголеми грешници+ од сите други Галилејци затоа што така настрадаа? 3 Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така.+ 4 Или оние осумнаесетмина врз кои падна кулата во Силоам и ги уби, мислите ли дека тие беа поголеми грешници* од сите други луѓе што живеат во Ерусалим? 5 Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така“.+
6 Тогаш ја раскажа оваа споредба: „Еден човек имаше засадено смоква во своето лозје,+ и дојде да бара плод на неа,+ но не најде.+ 7 И му рече на човекот што го обработуваше лозјето: ‚Еве, веќе три години+ доаѓам да барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Исечи ја!+ Зошто земјата да стои бескорисна поради неа?‘ 8 Тогаш тој му рече: ‚Господару, остави ја+ уште оваа година, додека не ја опкопам и не ја наѓубрам. 9 Можеби во иднина ќе дава плод. А ако не, ќе ја исечеш‘ “.+
10 Еднаш во сабота* поучуваше во една синагога. 11 Таму имаше една жена обземена од дух+ поради кој веќе осумнаесет години беше болна. Беше згрбавена и никако не можеше да се исправи. 12 Кога ја виде, Исус ја викна и ѝ рече: „Жено, ослободена+ си од својата болест!“ 13 И ги положи рацете врз неа, а таа веднаш се исправи+ и почна да го слави Бог. 14 Тогаш настојникот на синагогата, лут поради тоа што Исус во сабота ја излекува жената, му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи!+ Во тие денови доаѓајте и лекувајте се, а не на саботен ден!“+ 15 Тогаш Господарот му рече: „Лицемери,+ не го одврзува ли секој од вас својот бик или своето магаре од јаслите во сабота и не го води ли на поење?+ 16 А зарем не требаше оваа Авраамова ќерка,+ која Сатана, еве, веќе осумнаесет години ја држел врзана, да биде ослободена од тие окови во саботен ден?“ 17 Кога го рече тоа, сите негови противници се посрамија,+ а целиот народ се радуваше на сите прекрасни дела што ги направи.+
18 Потоа рече: „На што е слично царството Божје? Со што да го споредам?+ 19 Слично е на синапово зрно, кое човек го зеде и го засади во својата градина. И растеше и стана дрво, па птиците небесни+ се населија на неговите гранки“.+
20 И повторно рече: „Со што да го споредам царството Божје? 21 Слично е на квасец, којшто жена го зеде и го замеси* во три големи мери* брашно, додека не скисна целото тесто“.+
22 Патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градовите и селата и поучуваше.+ 23 А еден човек го праша: „Господару, малцина ли се оние што ќе бидат спасени?“+ Тој им рече: 24 „Силно напрегајте се+ да влезете низ тесната врата,+ бидејќи мнозина, ви велам, ќе сакаат да влезат, но не ќе можат.+ 25 Штом домаќинот ќе стане и ќе ја заклучи вратата, вие ќе останете надвор и ќе чукате на вратата, велејќи: ‚Господине, отвори ни!‘+ А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам!‘+ 26 Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Јадевме и пиевме пред тебе, а ти поучуваше на нашите улици‘.+ 27 А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам. Бегајте од мене, сите вие што вршите неправда!‘+ 28 Таму ќе плачете и ќе чкртате со забите,+ кога ќе ги видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божје,+ а себеси исфрлени надвор. 29 И ќе дојдат луѓе од исток и од запад, од север и од југ,+ и ќе седнат на трпезата* во царството Божје.+ 30 И гледај, има последни, кои ќе бидат први, и има први, кои ќе бидат последни“.+
31 Во тој час му пристапија некои фарисеи и рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод* сака да те убие!“ 32 А тој им одговори: „Одете и кажете ѝ на таа лисица:+ ‚Еве, истерувам демони и лекувам денес и утре, а на третиот ден ќе завршам со работата‘.+ 33 Но денес, утре и задутре морам да го продолжам патот, бидејќи не прилега пророк да биде погубен надвор од Ерусалим.+ 34 Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш+ пророците и ги каменуваш+ оние што се испратени кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата,+ но вие не сакавте!+ 35 Еве, вашиот дом*+ се напушта и ви се остава вам. Ви велам, нема да ме видите додека не речете: ‚Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!‘ “+