Дела на апостолите
4 А додека тие двајцата уште му зборуваа на народот, им пристапија главните свештеници, храмскиот заповедник+ и садукеите,*+ 2 лути што тие го поучуваат народот и, преку примерот на Исус, го објавуваат воскресението од мртвите.+ 3 И ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден,+ зашто веќе беше вечер. 4 Но мнозина од оние што ги слушаа нивните зборови поверуваа,+ и бројот на мажите кои станаа верници достигна околу пет илјади.+
5 А утредента во Ерусалим се собраа нивните поглавари и старешините и книжниците.+ 6 Таму беше и Ана,+ главниот свештеник, потоа Кајафа,+ Јован и Александар и сите од првосвештеничкиот род. 7 И ги поставија на средина и почнаа да ги испрашуваат: „Со каква сила или во чие име го направивте тоа?“+ 8 Тогаш Петар, полн со свет дух,+ им рече:
„Народни поглавари и старешини! 9 Ако денес, поради едно добро дело направено на еден болен човек,+ сме испитувани за тоа кој го оздравел овој човек, 10 знајте сите вие и целиот израелски народ: во името на Исус Христос Назареќанецот,+ кого вие го приковавте на столб,+ а кого Бог го подигна од мртвите,+ преку него овој човек стои здрав овде пред вас! 11 Тој е ‚каменот што вие градителите го сметавте за безвреден, а кој стана аголен камен‘.*+ 12 И во никој друг нема спасение, зашто нема друго име+ под небото дадено на луѓето преку кое можеме да се спасиме“.+
13 А кога ја видоа смелоста на Петар и на Јован и кога сфатија дека тоа се луѓе неуки и обични,+ останаа зачудени. И ги препознаа дека тие беа со Исус.+ 14 Но бидејќи видоа дека излекуваниот човек стои со нив,+ не можеа ништо да приговорат.+ 15 Затоа им заповедаа да излезат од салата на Судскиот совет,* па почнаа да се советуваат: 16 „Што да правиме со овие луѓе?+ Зашто, направија големо чудо, кое им е познато на сите жители на Ерусалим.+ Тоа не можеме да го одречеме. 17 Но, за да не се шири тоа и понатаму меѓу народот, да им се заканиме и да им кажеме повеќе да не зборуваат никому во тоа име“.+
18 Тогаш ги повикаа и им заповедаа никако да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име. 19 Тогаш Петар и Јован им рекоа: „Пресудете сами дали е праведно пред Бог да ве слушаме вас, а не Бог! 20 Ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле“.+ 21 И повторно им се заканија, а потоа ги ослободија, бидејќи не најдоа ништо поради кое би можеле да ги казнат, а се плашеа и од народот,+ зашто сите го славеа Бог поради она што се случи. 22 Зашто, човекот кој беше излекуван преку ова чудо имаше повеќе од четириесет години.
23 А кога ги пуштија, отидоа кај браќата+ и им го раскажаа она што им го рекоа главните свештеници и старешините. 24 А кога тие го чуја тоа, еднодушно го кренаа гласот кон Бог+ и рекоа:
„Севишен+ Господару, ти си оној што ги создаде небото и земјата и морето и сѐ што е во нив!+ 25 Со светиот дух ти рече преку устата на нашиот прататко Давид,+ својот слуга: ‚Зошто се вознемирија народите и племињата размислуваат за ништожни работи?+ 26 Земните цареви се креваат и владетелите стануваат како еден против Јехова и против неговиот помазаник‘.+ 27 Така и Ирод* и Понтиј Пилат+ заедно со незнабошците и со народот на Израел навистина се собраа во овој град против твојот свет+ слуга Исус, кого го помаза,+ 28 за да го сторат она што твојата рака и твојата намера однапред го одредија да биде.+ 29 А сега, Јехова, обрни внимание на нивните закани+ и дај им на своите слуги и понатаму да ја зборуваат твојата реч со сета смелост!+ 30 Испружи ја својата рака за да дојде до лекување и да се случат чуда и предзнаци+ преку името+ на твојот свет слуга+ Исус!“
31 И кога сесрдно се помолија, се затресе местото на кое беа собрани,+ и сите се исполнија со свет дух,+ па смело ја зборуваа Божјата реч.+
32 А мноштвото од оние што ја примија верата беа со едно срце и со една душа+ и никој не велеше дека нешто од она што го поседува е негово, туку сѐ им беше заедничко.+ 33 А апостолите со голем успех сведочеа за воскресението на Господарот Исус.+ И незаслужената доброта во голема мера беше над сите нив. 34 Всушност, никој меѓу нив не беше во немаштија,+ зашто, сите што поседуваа ниви или куќи, ги продаваа, и добиените пари ги донесуваа 35 и ги ставаа пред нозете на апостолите.+ Потоа секому му се делеше+ онолку колку што му требаше. 36 Така и Јосиф, кого апостолите го нарекоа Варнава,+ што значи „син на утехата“, левит, родум од Кипар, 37 поседуваше парче земја, па го продаде, ги донесе парите и ги стави пред нозете на апостолите.+