Исаија
35 Ќе се радуваат пустината и безводниот крај,+ ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран.+ 2 Ќе цути+ и ќе се весели, ќе извикува од веселба и од радост.+ Ќе ѝ бидат дадени славата на Ливан+ и убавината на Кармил+ и Сарон.+ Луѓето ќе ја видат Јеховината слава,+ убавината на нашиот Бог.+
3 Зајакнете ги ослабените раце, зајакнете ги колената што се тресат!+ 4 Речете им на оние што носат грижи во срцето:+ „Бидете јаки,+ не плашете се!+ Еве, вашиот Бог ќе дојде со одмазда,+ Бог ќе изврши наплата.+ Тој ќе дојде и ќе ве спаси“.+
5 Тогаш ќе им се отворат очите на слепите+ и ќе им се отнат ушите на глувите.+ 6 Тогаш сакатиот ќе скока како елен,+ а јазикот на немиот радосно ќе извикува.+ Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци. 7 Изгорената земја ќе се претвори во езеро, а жедната почва — во водни извори.+ Во живеалиштето на шакалите,+ во нивното почивалиште, ќе има зелена трева, трска и папирус.+
8 Таму ќе има друм,+ пат, ќе се вика Пат на светоста.+ По него нема да оди ниту еден нечист,+ туку само оние што се достојни да одат по него, а глупавите нема да талкаат по него. 9 Таму ќе нема лавови, на него нема да доаѓаат грабливи ѕверки.+ Ниту една нема да биде таму,+ туку по него ќе одат откупените.+ 10 Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова+ и ќе дојдат на Сион извикувајќи радосно,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост, а тагата и воздивнувањето ќе побегнат од нив.+