4. Мојсеева
24 Кога виде дека е добро во Јеховини очи да го благослови Израел, Валаам повеќе не одеше како порано+ да бара предзнаци,+ туку го сврте лицето кон пустината. 2 Кога Валаам ги крена очите и го виде Израел улогорен по своите племиња,+ Божјиот дух слезе на него.+ 3 И ја почна својата приказна,+ па рече:
„Речта на Валаам, синот на Веор,
речта на човекот со отворени очи,+
4 речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+
кој виде видение од Семоќниот+
додека паѓаше со отворени очи:+
5 Колку се убави твоите шатори, Јакове, твоите живеалишта, Израеле!+
6 Како долини се простираат надалеку,+
како градини покрај река.+
Како алое што го посадил Јехова,
како кедри крај води.+
7 Водата тече од неговите мешини,
семето негово е посеано покрај многу води.+
Царот+ негов ќе го надвиши Агаг,+
и царството негово ќе се воздигне.+
9 Се спушти, легна како лав;
и како лав, кој ќе се осмели да го дразни?+
Благословени се оние што тебе те благословуваат,+
проклети оние што тебе те проколнуваат“.+
10 Тогаш се разгоре гневот на Валак против Валаам, па Валак разлутено плесна со рацете+ и му рече на Валаам: „Те повикав да ги проколнеш+ моите непријатели, а ти, еве, веќе по третпат ги опсипа со благослови! 11 Сега бегај таму откај што си дошол! Реков дека ќе ти укажам чест,+ а еве, Јехова те лиши од честа“.
12 Тогаш Валаам му рече на Валак: „Зарем не им реков и на твоите гласници што ги испрати кај мене: 13 ‚Да ми ја даде Валак и својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ја престапам Јеховината наредба за да направам нешто добро или лошо по своја волја. Што ќе каже Јехова, тоа ќе го зборувам‘?+ 14 А сега, еве, заминувам кај својот народ. Ајде да ти објавам+ што ќе му направи овој народ на твојот народ на крајот од деновите“.+ 15 И ја почна својата приказна,+ па рече:
„Речта на Валаам, синот на Веор,
речта на човекот со отворени очи,+
16 речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+
кој го познава знаењето на Севишниот...
Го виде видението од Семоќниот+
додека паѓаше со отворени очи:+
ќе го гледам, но не одблизу.
Ѕвезда+ ќе излезе од Јаков,
жезол ќе се подигне од Израел.+
Тој ќе му ги разбие слепоочниците на Моав,+
и черепот на сите воинствени синови.
18 Едом ќе биде освоен,+
Сеир+ ќе го освојат неговите непријатели,+
а Израел ќе ја покажува својата храброст.
20 Кога го виде Амалик, продолжи со својата приказна:+
„Амалик беше првиот меѓу народите,+
но на крајот ќе пропадне“.+
21 Кога ги виде Кенејците,+ продолжи со својата приказна:
„Живеалиштето ти е постојано, на карпа ти е станот.
23 И продолжи со својата приказна, па рече:
„Леле! Кој ќе преживее кога Бог ќе го направи тоа?+
24 Ќе допловат бродови од брегот на Китим+
и ќе ја угнетуваат Асирија,+
ќе го угнетуваат и Евер.
Но и него на крајот ќе го стигне пропаста“.
25 Потоа Валаам стана и си отиде оттаму.+ А и Валак си отиде по својот пат.