Осија
4 Послушајте ја Јеховината реч, синови на Израел! Јехова води парница против жителите на земјата,+ зашто во земјата нема ни вистина,+ ни добрина,* ниту знаење за Бог.+ 2 Клетвите,+ измамите,+ убиствата,+ кражбите+ и прељубите+ зедоа замав, и едно крвопролевање го стигнува другото.+ 3 Затоа земјата ќе тагува,+ ќе премалат сите нејзини жители и полските животни и небесните птици, дури и рибите во морето ќе изгинат.+
4 „Но никој да не се препира+ и никој никого да не укорува, зашто твојот народ е како оние што се препираат со свештеник.+ 5 Дење ќе се сопнуваш,+ а и пророкот ќе се сопнува со тебе, како да е ноќе.+ И твојата мајка ќе ја погубам.*+ 6 Мојот народ ќе изгине,* зашто нема знаење.+ Поради тоа што ти го отфрли знаењето,+ јас ќе те отфрлам тебе за повеќе да не ми служиш како свештеник.+ И поради тоа што го забораваш законот на својот Бог,+ јас ќе ги заборавам твоите синови.+ 7 Колку повеќе ги има, толку повеќе ми грешат.+ Мојата слава ја заменија со срам.+ 8 Се хранат со гревот на мојот народ и душата им копнее по неговиот престап.+
9 Затоа на народот ќе му биде исто како и на свештеникот.+ Ќе се пресметам со нив поради нивните патишта+ и нивните дела ќе им ги фрлам на нивна глава.+ 10 Ќе јадат, но нема да се наситат.+ Ќе блудствуваат со жени, но нема да се намножат,+ зашто престанаа да го слушаат Јехова.+ 11 Блудството, виното и ширата го поматуваат разумот.*+ 12 Мојот народ го прашува за совет својот дрвен+ идол, стапот што го држи во раката му зборува. Зашто, духот на блудот ги заведе, па лутаат,+ и со своето блудство се одметнуваат од својот Бог.+ 13 Принесуваат жртви на планинските врвови+ и горат приноси по ридовите,+ под дрвјата стиракс и под другите дрвја, зашто е добра нивната сенка.+ Затоа ќерките ваши вршат блуд и снаите ваши прават прељуба.
14 Нема да барам сметка од вашите ќерки поради нивниот блуд и од вашите снаи поради нивната прељуба. Зашто, мажите одат насамо со блудниците,+ и со храмските блудници+ принесуваат жртви. А народот што нема никакво разбирање+ ќе биде згазен. 15 Ако вршиш блуд, ти Израеле,+ нека не биде виновен и Јуда!+ Не доаѓајте во Гилгал,+ не одете во Вет-Авен+ и не заколнувајте се: ‚Како што е жив Јехова!‘+ 16 Зашто, Израел стана тврдоглав+ како тврдоглава крава. Ќе ги пасе ли сега Јехова како што се пасе млад овен на широко место? 17 Ефрем се здружил со идолите.+ Остави го!+ 18 Кога ќе завршат со пијанчењето,*+ се оддаваат на блуд.+ Неговите заштитници+ сакаат срамотни дела.+ 19 Ветрот ги зафати со своите крилја.+ Народот ќе се засрами од своите жртви.“+