Исаија
55 О сите вие жедни,+ дојдете на вода!+ Дојдете, вие што немате пари, земете и јадете!+ Дојдете, земете вино+ и млеко+ без пари и без плаќање!+ 2 Зошто ги трошите парите на она што не е леб и својот труд на она што не заситува?+ Слушајте ме внимателно и јадете добра храна,+ и вашата душа нека ужива во најдобрата храна!+ 3 Приклонете го своето уво+ и дојдете кај мене!+ Слушајте, и вашата душа ќе остане жива,+ и ќе склучам со вас траен сојуз+ поради милоста* што му ја ветив на Давид!+ 4 Еве, им го дадов+ за сведок+ на народите,+ за водач+ и за заповедник+ на народите.
5 Ете, ќе повикаш еден народ што не го познаваш,+ и ќе побрзаат кон тебе луѓе од народ што не те познаваше,+ поради Јехова, твојот Бог,+ и поради Светецот на Израел,+ зашто тој ќе те украси.+
6 Барајте го Јехова додека може да се најде!+ Повикувајте го додека е близу!+ 7 Злосторникот нека го остави својот пат+ и злобниот нека ги остави своите мисли,+ и нека се врати кај Јехова, кој ќе му се смилува,+ кај нашиот Бог, зашто тој ќе му прости великодушно!+
8 „Оти, вашите мисли не се мои мисли+ и моите патишта не се ваши патишта“,+ вели Јехова. 9 „Зашто, како што се небесата повисоки од земјата,+ така се моите патишта повисоки од вашите патишта+ и моите мисли од вашите мисли.+ 10 Како што дождот и снегот паѓаат од небото и не се враќаат таму додека не ја напојат земјата и додека не ја направат да биде родна и да се раззелени,+ и да му даде семе на сејачот и леб на оној што го јаде,+ 11 така ќе се исполни мојата реч што излегува од мојата уста.+ Нема да се врати кај мене без плод,+ туку ќе го направи она што го сакам+ и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил.+
12 Зашто, вие ќе излезете со радост+ и во мир ќе бидете доведени назад.+ Планините и ридовите ќе се веселат пред вас и ќе викаат од радост,+ и сите полски дрвја ќе плескаат со рацете.+ 13 Наместо трнлив честак ќе израсне смрека.+ Наместо лута коприва ќе израсне мирта.+ Тоа ќе биде на слава на Јехова,+ како вечен знак+ што нема да биде уништен.“