Исаија
47 Спушти се и седни во правта,+ девице, ќерко вавилонска!+ Седни на земја, каде што нема престол,+ ќерко халдејска!+ Зашто, повеќе нема да те викаат нежна и разгалена.+ 2 Земи рачна мелница+ и мели брашно! Симни го превезот!+ Соблечи ја облеката!+ Откриј ги нозете!+ Премини преку реката! 3 Откриј ја својата голотија!+ Нека се види твојот срам!+ Ќе се одмаздам,+ и никому не ќе му дозволам да ми се спротивстави!
4 „Имаме откупител!+ Името му е Јехова над војските,+ Светецот на Израел.“+
5 Седи молчешкум+ и повлечи се во мракот,+ ќерко халдејска,+ зашто повеќе нема да те викаат господарка+ на царствата!+ 6 Се разгневив на својот народ.+ Го осквернив своето наследство+ и ти ги предадов тебе в раце.+ А ти не им покажа милост.+ На старците им го наметна својот претежок јарем.+ 7 Ти велеше: „Довека ќе бидам господарка,+ засекогаш“. Не го зеде тоа присрце, не помисли каков ќе биде завршетокот на сето тоа.+
8 А сега слушај го ова, ти што се предаваш на уживања, живееш без страв+ и си велиш во срцето: „Јас, и никој друг!+ Нема да останам вдовица, нема да почувствувам како е да изгубиш деца“.+ 9 Но, одненадеж, во еден ден, ќе те снајде и едното и другото:+ ќе ги изгубиш децата и ќе останеш вдовица. Ова ќе те снајде во полна мера,+ зашто многу гаташе и правеше многу магии — преку секоја мера.+ 10 Се надеваше на својата злоба+ и велеше: „Никој не ме гледа!“+ Твојата мудрост и твоето знаење+ — тие те заведоа. Си велиш во срцето: „Јас, и никој друг!“ 11 Ќе те снајде неволја, а ти не ќе можеш да ја спречиш со своето гатање. Врз тебе ќе се нафрли несреќа,+ а ти не ќе можеш да ја одвратиш. Одненадеж+ врз тебе ќе дојде пропаст каква што уште не си видела.
12 Истрај во своите магии и во многуте гатања,+ околу кои се трудиш од својата младост! Можеби ќе ти користат! Можеби со тоа ќе им влееш страв на другите! 13 Те изморија мноштвото твои советници. Нека станат сега и нека те спасат оние што го обожаваат небото, гледаат во ѕвездите+ и даваат објави при млада месечина за она што ќе те снајде! 14 Гледај, станаа како стрниште!+ Оган ќе ги изгори.+ Нема да ја избават својата душа+ од силината на огнот.+ Тоа нема да биде жарче за да се згреат луѓето, ниту огниште за да седнат покрај него. 15 Такви ќе бидат за тебе твоите бајачи,+ околу кои се трудиш од својата младост. Ќе залутаат, секој на своја страна. Ќе нема кој да те спаси.+