2. Мојсеева
15 Тогаш Мојсеј и синовите на Израел му ја запеаја оваа песна на Јехова и вака рекоа:+
„На Јехова ќе му запеам, зашто многу се прослави.+
Коњот со коњаникот ги фрли в море.+
2 Јах* е мојата сила и мојата моќ,+ зашто тој е мојот спас.+
Тој е мој Бог, него ќе го фалам,+ Бог на мојот татко,+ него ќе го возвишувам.+
3 Јехова е храбар воин,+ Јехова е неговото име.+
4 В море ги фрли бојните коли и војската на фараонот.+
Во Црвеното Море потонаа неговите избрани воини.+
5 Разбранувани води ги покрија,+ во длабочините како камен потонаа.+
6 Твојата десница, о Јехова, има голема моќ,+
твојата десница, о Јехова, може да го сотре непријателот.+
7 Со своето силно величество ги соборуваш оние што се креваат против тебе,+
го пушташ својот распламтен гнев да ги проголта како стрниште.+
8 Со здивот од носниците+ твои се собраа водите,
како ѕид стоеја брановите,
во срцето на морето се стврднаа водите разбранувани.
9 Непријателот рече: ‚Ќе ги гонам!+ Ќе ги стигнам!+
Плен ќе делам!+ Мојата душа ќе се насити со него!
Ќе го извлечам мечот! Мојата рака ќе ги гони!‘+
11 Кој меѓу боговите е како тебе, о Јехова?+
Кој е како тебе, кого го краси голема светост?+
Со песни на фалба+ треба да покажуваме страв од тебе,+ ти правиш чудесни дела.+
12 Ја подигна десницата+ и земјата ги проголта.+
13 Со својата милост* го водеше народот што го беше избавил,+
со својата сила ќе го водиш до твоето свето живеалиште.+
15 Кнезовите* на Едом тогаш ќе ги фати ужас,
силниците на Моав ќе ги обземе трепет,+
сите жители на Ханаан ќе се исплашат.+
16 Страв и трепет ќе ги опфатат.+
Од твојата силна рака ќе се скаменат
додека не помине твојот народ,+ о Јехова,
17 Ќе го доведеш и ќе го посадиш на гората на твоето наследство,+
на местото што го подготви за свое живеалиште,+ о Јехова,
во светилиштето,+ Јехова, што го подигнаа твоите раце.
18 Јехова ќе царува довека, во сета вечност.+
19 Кога коњите на фараонот+ со неговите бојни коли и неговите коњаници влегоа во морето,+
Јехова ги врати врз нив морските води,+
а синовите на Израел поминаа по суво среде морето“.+
20 Тогаш пророчицата Маријам, сестрата на Арон,+ зеде дајре во раката,+ а сите жени ѝ се придружија со дајриња и играа.+ 21 Маријам им одговараше на мажите со песна:+
22 Потоа Мојсеј ги поведе Израелците од Црвеното Море, и тргнаа кон пустината Сур.+ Три дена патуваа низ пустината, но не најдоа вода.+ 23 Потоа дојдоа во Мара,+ но не можеа да ја пијат водата во Мара зашто беше горчлива. Затоа и се вика тоа место Мара.*+ 24 И народот почна да мрмори против Мојсеј:+ „Што ќе пиеме?“ 25 А тој го повика Јехова за помош.+ Јехова му покажа едно дрво. Тој го фрли во водата, и водата стана слатка.+
Тука Бог им даде поука и закон и тука ги искуша.+ 26 И им рече: „Ако го слушате внимателно гласот на Јехова, својот Бог, и ако го правите тоа што е право во негови очи, ако ги слушате неговите заповеди и ако ги држите сите негови уредби,+ нема да пуштам на вас ниту една од болестите што им ги пуштив на Египќаните.+ Зашто, јас сум Јехова кој ве лекува“.+
27 Потоа дојдоа во Елим каде што имаше дванаесет извори на вода и седумдесет палми.+ И се улогорија таму покрај водата.