Изреки
21 Срцето на царот е како поток во раката на Јехова.
Тој го насочува таму каде што сака.
3 На Јехова му е помило да постапуваш исправно и праведно
отколку да му принесуваш жртви.
4 Горделивите очи и вообразеното срце
се светилка која ги води злобните, но всушност се грев.
5 Плановите на трудољубивиот сигурно водат до успех,*
а секој што избрзува сигурно оди кон сиромаштија.
7 Злобните ќе ги однесе нивното насилство
бидејќи не сакаат да постапуваат праведно.
8 Делата на виновникот се расипани,
а постапките на оној што е невин се чесни.
10 Злобниот човек копнее по злото;
тој нема ронка милост кон ближниот.
11 Кога потсмевачот ќе добие казна, неискусните стануваат помудри,
а кога мудриот ќе стекне разбирање, знае што да прави.*
12 Праведниот Бог ја набљудува куќата на злобниот
и ги турка злобните во пропаст.
13 Кој си ги затвора ушите кога бедниот вика за помош,
и самиот ќе вика, но никој нема да му помогне.
15 За праведниот е радост да постапува праведно,
а за оние што прават зло тоа е крајно одбивно.
16 Човекот што застранува од патот на разборитоста
ќе почива меѓу мртвите.
18 Злобниот е откуп за праведниот,
и измамникот е откуп за чесниот.
20 Во куќата на мудриот има скапоцено богатство и масло,
а глупавиот човек ќе испотроши* сѐ што има.
21 Кој се труди да постапува праведно и да покажува верна љубов,
ќе најде живот, праведност и чест.
23 Кој внимава на својата уста и на својот јазик,
си ја чува душата од неволји.
24 Дрзок и вообразен фалбаџија —
така го нарекуваат оној што постапува безобѕирно и дрско.
25 Мрзливиот ќе го убијат неговите желби
бидејќи неговите раце не сакаат да работат.
26 Во својата лакомост, тој по цел ден гори од желба,
а праведниот дава и ништо не скратува.
30 Нема ни мудрост, ни разборитост, ни совет против Јехова.
31 Коњот го подготвуваат за денот на битката,
но спасението е од Јехова.