Изреки
22 Подобро е да избереш добро име* отколку големо богатство,
и почитта* од другите вреди повеќе од сребро и злато.
2 Богатиот и сиромашниот имаат нешто заедничко:*
Јехова ги создал и двајцата.
4 Понизноста и стравопочитта кон Јехова
донесуваат богатство, чест и живот.
5 Патот на расипаниот човек е послан со трње и стапици;
но кој си го цени животот, се држи подалеку од нив.
6 Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди,
па нема да скршне од него ни кога ќе остари.
7 Богатиот владее над сиромашните,
и должникот му е слуга на заемодавецот.
8 Кој сее неправда, ќе жнее неволја;
ќе се скрши стапот со кој удира во својот бес.
11 Оној што има чисто срце и чии зборови се љубезни
ќе му биде пријател на царот.
12 Очите на Јехова го чуваат знаењето,
тој ги побива зборовите на измамникот.
13 Мрзливиот вели: „Надвор има лав!
Ќе ме растргне сред улица!“
15 Глупавоста е длабоко вкоренета во срцето на детето,
но прачката на поуката* ќе ја отстрани од него.
16 Оној што го мами сиромашниот за да си натрупа богатство
и оној што му дава дарови на богатиот
на крај ќе западнат во сиромаштија.
17 Внимателно слушај ги зборовите на мудрите
за да ги прифатиш моите поуки со сето свое срце.
18 Ќе бидеш среќен ако ги чуваш длабоко во себе
и ќе можеш секогаш да зборуваш за нив.
19 Денес те поучувам
за да имаш доверба во Јехова.
20 Зар веќе не ти пишав
давајќи ти совети и знаење,
21 за да те поучам за она што е вистинито и веродостојно,
па да можеш точно да му одговориш на оној што ќе те праша?
22 Не ограбувај го сиромашниот само затоа што е сиромашен,
и не гази го бедниот на градските порти,*
23 бидејќи Јехова ќе се заземе за нив да добијат правда
и ќе им го одземе животот на оние што ги искористуваат.
24 Не дружи се со избувлив човек
и немој да си имаш работа со оној што лесно пламнува од гнев
25 за да не станеш како него
и самиот да се фатиш во замка.
27 Ако немаш со што да платиш,
ќе ти ја земат и постелата на која спиеш!
28 Не поместувај ги старите меѓи
што ги поставиле твоите предци.
29 Си видел ли човек вешт во својата работа?
Тој ќе стои пред цареви,
нема да стои пред обични луѓе.