Езекиел
26 А во единаесеттата година, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, вака воскликнуваше Тир+ над Ерусалим:+ ‚Така, така! Разбиена е+ таа врата на народите!+ Сега сите ќе се свртат кон мене. Јас ќе се збогатам, бидејќи тој е опустошен‘.+ 3 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против тебе, Тире, и ќе кренам против тебе многу народи,+ како што морето ги крева брановите.+ 4 Тие ќе ги урнат ѕидиштата на Тир+ и ќе ги разурнат неговите кули,+ а јас ќе ја истружам неговата прашина и ќе го претворам во гола карпа. 5 Ќе стане место за сушење мрежи+ среде морето‘.+
‚Јас реков така,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚и ќе им стане плен на народите. 6 Неговите градови што се на копно ќе бидат погубени со меч. И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова.‘+
7 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, ќе го доведам од север против Тир Навуходоносор, царот на Вавилон,+ царот над царевите,+ со коњи+ и со бојни коли,+ со коњаници и со чети, со многуброен народ.+ 8 Тој ќе ги погуби со меч твоите градови што се на копно и ќе подигне против тебе опсаден ѕид, ќе направи опсаден насип+ и ќе подигне против тебе голем штит. 9 Со справи за разбивање ќе удира во твоите ѕидишта и со своето оружје ќе ги урне твоите кули. 10 Од мноштвото негови коњи сиот ќе бидеш прекриен со прав.+ Од татнежот на коњаниците, на тркалата и на бојните коли ќе се затресат твоите ѕидишта, кога тој ќе влезе низ твоите порти, како што се влегува во град чии ѕидишта се пробиени. 11 Со копитата на своите коњи ќе ги изгазат сите твои улици.+ Твојот народ ќе го убијат со меч, столбовите на твојата сила ќе паднат на земја. 12 Ќе го опленат твоето богатство+ и ќе ја опљачкаат стоката со која тргуваше.+ Ќе ги разурнат твоите ѕидишта и ќе ги урнат твоите прекрасни куќи. Твоите камења, твојата дрвенарија и твојот прав ќе го фрлат среде водата‘.
13 ‚Ќе ја стивнам вревата на твоите песни,+ и звукот на твоите харфи повеќе нема да се слуша.+ 14 Ќе те претворам во гола карпа.+ Ќе станеш место за сушење мрежи.+ Никогаш повеќе нема да бидеш изграден, зашто јас, Јехова, реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова.+
15 Вака му вели Севишниот Господар Јехова на Тир: ‚Зар нема островите* да се потресат од твоето громогласно паѓање, кога ќе застенка смртно ранетиот, кога во тебе ќе почне убивањето и колежот?+ 16 Ќе слезат од престолите+ сите морски поглавари,+ ќе ги симнат своите наметки и ќе ги соблечат везените облеки. Ќе се облечат со трепет. Ќе седнат на земја+ и ќе треперат без престан+ и вчудовидено ќе те гледаат. 17 И ќе пеат тажачка за тебе+ и ќе ти велат:
„Пропадна, о граде населен со луѓе од морињата,+ граде славен, кој беше силен на море,+ ти и твоите жители, оние што беа страв за сите луѓе на земјата! 18 Островите ќе затреперат во денот на твојот пад. Островите во морето ќе се вознемират поради твојата пропаст“ ‘.+
19 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Кога ќе те претворам во опустошен град, какви што се градовите во кои нема жители, кога ќе ја доведам против тебе водната бездна, па ќе те покријат големи води,+ 20 и тебе, како и сите други, ќе те соборам в гроб, кај оние што одамна се мртви,+ ќе те сместам во најдлабоките предели на земјата,+ за да бидеш заедно со другите места кои одамна се опустошени и со сите други што заминуваат во гроб,+ за да останеш без жители. И ќе поставам украс во земјата на живите.+
21 Ќе доведам врз тебе пропаст која не ја очекуваш,+ и ќе те снема. Ќе те бараат,+ но никогаш повеќе нема да те најдат‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.