Еремија
1 Зборови на Еремија,+ синот на Хелкија, еден од свештениците што беа во Анатот,+ во земјата на Венијамин.+ 2 Нему му дојде Јеховината реч во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ цар на Јуда, во тринаесеттата година од неговото царување.+ 3 Таа доаѓаше и во деновите на Јоаким,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ до крајот на единаесеттата година на Седекија,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ додека Ерусалим не отиде во изгнанство во петтиот месец.+
4 И ми дојде Јеховината реч: 5 „Пред да те обликувам во утробата на мајка ти,+ јас те познавав.+ Пред да излезеш од нејзината утроба, јас те посветив.+ Те поставив за пророк на народите“.
6 А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, јас не знам да зборувам,+ зашто уште сум дете!“+
7 А Јехова ми одговори: „Не вели: ‚Уште сум дете‘. Туку оди кај сите кај кои ќе те испратам и кажи им сѐ што ќе ти заповедам!+ 8 Не плаши се од нивните лица,+ зашто ‚јас сум со тебе за да те избавам‘,+ вели Јехова“.
9 Тогаш Јехова ја пружи раката и со неа ми ја допре устата.+ И Јехова ми рече: „Еве, ги ставам своите зборови во твојата уста.+ 10 Гледај, денес те поставувам над народите и над царствата,+ за да искоренуваш и да рушиш, да уништуваш и да уриваш,+ да градиш и да садиш“.+
11 И пак ми дојде Јеховината реч: „Што гледаш, Еремија?“
Одговорив: „Гледам бадемова* гранка“.
12 Тогаш Јехова ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам* над својата реч за да ја извршам“.+
13 И ми дојде Јеховината реч по втор пат: „Што гледаш?“
Одговорив: „Гледам котел под кој се разгорува оган, а неговиот отвор гледа спротивно од северот“.
14 Тогаш Јехова ми рече: „Од север ќе биде пуштена неволјата врз сите жители на оваа земја.+ 15 Зашто, ‚еве, ги повикувам сите племиња на северните царства‘, вели Јехова,+ ,и тие ќе дојдат, и секое од нив ќе го постави својот престол пред ерусалимските порти,+ и ќе ги нападнат сите негови ѕидишта наоколу и сите градови на Јуда.+ 16 И ќе им изречам пресуда за сета нивна злоба,+ зашто ме оставија+ и им горат приноси на други богови+ и им се поклонуваат на делата на своите раце‘.+
17 А ти, заврати ги скутовите на својата облека,+ па стани и кажи им сѐ што ќе ти заповедам! Не плаши се од нив,+ зашто инаку јас ќе те натерам да се плашиш од нив. 18 Еве, јас те направив денес утврден град и железен столб и бакарен ѕид+ против целата оваа земја,+ против царевите на Јуда, против нејзините кнезови, против нејзините свештеници и против народот.*+ 19 Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат,+ зашто ‚јас сум со тебе‘,+ вели Јехова, ,за да те избавам‘ “.+