Исаија
53 Кој поверува во она што го чувме?+ Кому му се откри+ Јеховината рака?+ 2 Пред другите тој ќе се појави како фиданка+ и како корен од безводна земја. Нема достоинствен лик и не го краси убавина,+ и кога ќе го погледнеш, тоа не е човек каков што би посакале.+
3 Беше презрен и избегнуван од луѓето,+ човек кој ги запозна болката и болеста.+ Ја свртувавме главата за да не му го гледаме лицето.+ За нас беше презрен и безвреден.+ 4 Навистина, тој ги понесе нашите болести,+ ги зеде врз себе нашите болки.+ А ние мислевме дека Бог му создава неволја,+ дека тој го удира+ и му нанесува болка.+ 5 Но, тој беше прободен+ за нашиот престап,+ беше здробен за нашите гревови.+ Заради нашиот мир, казната падна врз него,+ и поради неговите рани,+ ние бевме излекувани.+ 6 Како овци сите талкавме,+ секој одеше по својот пат, а Јехова направи врз него да падне гревот од сите нас.+ 7 Го угнетуваа,+ а тој дозволуваше да му нанесуваат болка+ и не ја отвори устата. Го одведоа како јагне на колење.+ Како овца, која е нема пред оние што ја стрижат, не ја отвори својата уста.+
8 Лишен е од праведен суд,+ и затоа е отстранет. Кој ќе се заморува со поединостите за неговото потекло?+ Зашто, беше истргнат+ од земјата на живите.+ Поради престапите+ на мојот народ, му беше зададен удар.+ 9 Кога ќе умре, гробот ќе му биде меѓу злосторниците+ и меѓу богатите,+ иако не направи никакво зло,+ ниту, пак, имаше измама во неговата уста.+
10 А на Јехова му беше по волја да го сотре,+ тој го разболе.+ Ако ја дадеш, Боже, неговата душа како жртва за вина,+ тој ќе го види своето потомство,+ ќе ги продолжи своите денови+ и со негова рака ќе се оствари+ она што го сака Јехова.+ 11 Поради страдањето на својата душа, тој ќе ги види плодовите на својот труд+ и ќе биде задоволен со нив.+ Со своето знаење праведникот, мојот слуга,+ ќе им даде праведност на мнозина,+ и нивните престапи ќе ги земе врз себе.+ 12 Затоа ќе му го дадам неговиот дел како и на мнозина,+ ќе дели плен со моќните,+ бидејќи ја излеа својата душа во смрт+ и беше вброен меѓу престапниците.+ Го понесе гревот на мнозина+ и посредуваше за престапниците.+