Тит
3 Потсетувај ги да им бидат подложни+ и покорни на властите и на владетелите,+ да бидат спремни за секое добро дело,+ 2 да не зборуваат лошо за никого, да не бидат воинствени,+ туку да бидат разумни,*+ да бидат сосема благи спрема сите луѓе.+ 3 Зашто, и ние некогаш бевме безумни, непокорни, заведени, робови на разни желби и уживања, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.+
4 Но кога нашиот Спасител,+ Бог, ја покажа+ својата добрина+ и љубов кон човекот, 5 нѐ спаси — не поради праведните дела+ што сме ги направиле,+ туку според своето милосрдие+ — со капењето,+ кое нѐ доведе во живот,+ и со тоа што нѐ обнови преку светиот дух.+ 6 Тој дух обилно го излеа врз нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,+ 7 за, откако сме прогласени за праведни+ преку неговата незаслужена доброта,+ да станеме наследници+ на вечниот живот на кој се надеваме.+
8 Веродостојно е ова што е речено+ и сакам тоа постојано да го застапуваш, за оние што поверувале во Бог да се сосредоточат на правењето на добри дела.+ Тоа е добро и корисно за луѓето.
9 А избегнувај глупави испитувања,+ истражување на родословија,+ караници+ и препирки околу Законот,+ зашто тоа е бескорисно и залудно. 10 Од човек што шири лажно учење,*+ тргни се+ откако е опоменат еднаш и по вторпат,+ 11 знаејќи дека таквиот застранил и дека греши, па на тој начин самиот себе се осудил.+
12 Кога ќе ти ги испратам Артема или Тихик,+ стори сѐ што можеш за да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимам.+ 13 Грижливо снабди ги за по пат Зина, познавачот на Законот, и Аполо, за да не им недостига ништо.+ 14 А и нашите нека се учат да прават добри дела кога ќе се појави голема потреба,+ за да не бидат без плод.+
15 Те поздравуваат сите што се со мене.+ Поздрави ги оние што нѐ сакаат во верата.
Незаслужената доброта нека биде со сите вас.+