Судиите
1 По смртта+ на Исус Навин, синовите на Израел го прашаа+ Јехова: „Кој од нас ќе тргне прв против Ханаанците за да се бори со нив?“ 2 А Јехова одговори: „Нека тргне Јуда!+ Еве, ја предавам земјата во негови раце!“ 3 Тогаш Јуда му рече на својот брат Симеон: „Дојди со мене во земјата што ми е одредена со ждрепка+ за да се бориме против Ханаанците, а потоа јас ќе појдам со тебе во земјата што тебе ти е одредена со ждрепка“.+ И Симеон појде со него.+
4 Така синовите на Јуда тргнаа, а Јехова ги предаде Ханаанците и Ферезејците во нивни раце,+ така што во Везек убија десет илјади луѓе. 5 Имено, во Везек го најдоа Адони-Везек, се бореа против него и ги поразија Ханаанците+ и Ферезејците.+ 6 Кога побегна Адони-Везек, тргнаа во потера по него, го фатија и му ги отсекоа палците на рацете и на нозете. 7 Тогаш Адони-Везек рече: „Седумдесет цареви со отсечени палци на рацете и на нозете собираа храна под мојата трпеза. Како што правев јас, така Бог ми враќа“.+ И го одведоа во Ерусалим,+ каде што и умре.
8 Синовите на Јуда завојуваа и против Ерусалим+ и го освоија. И ги убија неговите жители со сечилото на мечот, а градот го изгореа со оган. 9 Потоа синовите на Јуда отидоа да се борат против Ханаанците што живееја во планините, во Негев+ и во Шефела.+ 10 И Јуда тргна против Ханаанците што живееја во Хеврон+ (Хеврон порано се викаше Киријат-Арва),+ и ги убија Сесај, Ахиман и Талмај.+
11 Оттаму тргнаа против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+ 12 Тогаш Халев+ рече: „На оној што ќе го нападне Киријат-Сефер и ќе го освои ќе му ја дадам за жена+ својата ќерка Ахса“.+ 13 И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+ Затоа тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+ 14 А кога тргнуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев.+ Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“ 15 Таа му одговори: „Дај ми благослов!+ Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И Халев ѝ ги даде Горни Голат+ и Долни Голат.
16 А синовите на Кенеецот,+ тестот на Мојсеј,+ заминаа од градот на палмите+ заедно со синовите на Јуда и отидоа во Јудејската Пустина, која е јужно од Арад.+ Дојдоа и се населија кај тој народ.+ 17 А Јуда тргна понатаму со својот брат Симеон, па ги нападнаа Ханаанците што живееја во Сефат и го уништија* градот.+ Затоа градот го доби името Хорма.*+ 18 Потоа Јуда ги освои Газа+ со нејзиното подрачје, Аскалон+ со неговото подрачје и Екрон+ со неговото подрачје. 19 И Јехова беше со Јуда, така што овој ги освои планините, но не можеше да ги истера жителите на долината, зашто тие имаа бојни коли+ со железни сечила.+ 20 Кога му го дадоа Хеврон, како што вети Мојсеј,+ Халев ги истера оттаму трите сина на Енак.+
21 А синовите на Венијамин не ги истераа Евусејците што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат во Ерусалим со синовите на Венијамин до ден-денес.+
22 И домот на Јосиф+ тргна против Ветил,+ и Јехова беше со нив.+ 23 Кога домот на Јосиф почна да го извидува+ Ветил (градот порано се викаше Луз),+ 24 извидувачите видоа еден човек како излегува од градот. И му рекоа: „Покажи ни како да влеземе во градот, па ќе бидеме милостиви* кон тебе!“+ 25 И човекот им покажа каде можат да влезат во градот. Тие ги убија со сечилото на мечот жителите на градот,+ но оној човек со неговото семејство го пуштија.+ 26 И човекот отиде во хетејската земја,+ изгради град и му го даде името Луз. Така се вика до ден-денес.
27 А Манасија+ не ги зазеде Вет-Син+ и околните градови, ниту Танах+ и околните градови, и не ги истера жителите на Дор+ и на околните градови, ниту жителите на Ивлеам+ и на околните градови, ниту жителите на Мегидо+ и на околните градови, туку Ханаанците се спротивставија и останаа да живеат во таа земја.+ 28 А Израел стана силен+ и ги принуди Ханаанците на ропска работа,+ но не успеа да ги истера потполно.+
29 Ни Ефрем не ги истера Ханаанците што живееја во Гезер, туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив во Гезер.+
30 Завулон+ не ги истера жителите на Китрон, ниту жителите на Налол,+ туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив,+ но им беше наметната ропска работа.+
31 Асер+ не ги истера жителите на Акон,* ниту жителите на Сидон,+ ни на Ахлав, ни на Ахзив,+ ни на Хелва, ни на Афик,+ ни на Рехов.+ 32 И така Асеровото племе живееше меѓу Ханаанците, кои останаа во таа земја, бидејќи нив не ги истераа.+
33 Нефталим+ не ги истера жителите на Вет-Семес, ни жителите на Вет-Анат,+ туку останаа да живеат меѓу Ханаанците во таа земја.+ И ги принудија на ропска работа+ жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.
34 А Аморејците ги потиснуваа синовите на Дан+ во планините и не им дозволија да слезат во долината.+ 35 Така Аморејците се спротивставија и останаа да живеат на планината Херес, во Ајалон+ и во Салвим.+ Но кога се зацврсти раката на Јосифовиот дом, им наметнаа на Аморејците принудна работа.+ 36 Подрачјето на Аморејците се протегаше од угорништето Акравим,+ од Села нагоре.