Еремија
15 И Јехова ми рече: „Да застанеа пред мене Мојсеј+ и Самоил,+ мојата душа немаше да се сврти кон тој народ.+ Ќе ги истерам од пред моето лице. Нека си одат!+ 2 Ако ти речат: ‚Каде да одиме?‘ — одговори им: ‚Вака вели Јехова: „Кој е за смртоносна чума, во смрт од чума! Кој е за меч, под меч! Кој е за глад, на глад!+ Кој е за заробеништво, во заробеништво!“ ‘+
3 ‚Ќе поставам над нив четири зла‘,+ вели Јехова, ,меч да убива, кучиња да одвлекуваат, небесни птици+ и земни ѕверови да јадат и да уништуваат. 4 И ќе направам да бидат ужасна глетка за сите земни царства+ поради Манасија, синот на Езекија, царот на Јуда, поради она што тој го направи во Ерусалим.+ 5 Зашто, кој ќе ти се смилува тебе, Ерусалиме? Кој ќе сочувствува со тебе?+ Кој ќе наврати за да те праша како си?‘
6 ‚Ти ме остави‘,+ вели Јехова. ‚Ми го вртиш грбот и ме напушташ.+ А јас ќе ја подигнам раката против тебе и ќе те сотрам.+ Се уморив од сожалување.+ 7 Ќе ги веам со вила+ на портите на оваа земја. Ќе им ги убијам децата.+ Ќе го сотрам својот народ, зашто не се враќа од своите патишта.+ 8 Повеќе ќе имам нивни вдовици отколку морски песок. Напладне ќе го доведам пустошникот против нив,+ против мајката и синот. Ќе пуштам врз нив ненадеен ужас и метеж.+ 9 Премале жената што роди седум деца, нејзината душа се бори да дојде до здив.+ Нејзиното сонце зајде додека уште беше ден,+ посрамена е и засрамена. А нивниот остаток ќе го предадам на мечот на нивните непријатели‘,+ вели Јехова“.
10 Тешко мене,+ мајко моја, зашто ме роди мене, човек кој мора да се препира и да се кара со цела земја!+ Никому не сум му давал заем и никој мене не ми давал заем, а сите ме проколнуваат.+
11 Вака вели Јехова: „Навистина ќе ти служам за твое добро.+ Навистина ќе те бранам од непријателот+ во време на неволја,+ во време на мака. 12 Може ли некој да скрши железо, железо од север, и бакар? 13 Твоето богатство и твоето благо ќе ги дадам без цена,+ нека бидат ограбени поради сите гревови што ги направи по целата своја земја.+ 14 И ќе предизвикам твоите непријатели да го однесат во земја што не ја познаваш.+ Зашто, мојот гнев пламна како оган.+ Пламна против вас“.
15 Ти, Јехова, ја знаеш мојата неволја!+ Сети се на мене+ и погледни ме и одмазди им се за мене на моите прогонители!+ Не дозволувај да загинам, зашто ти си бавен на гнев!+ Сети се дека поднесувам навреди поради тебе.+ 16 Кога твоите зборови ми дојдоа, јас ги изедов,+ и твојата реч ме израдува+ и ми го развесели срцето,+ зашто јас го носам твоето име,+ Јехова, Боже над војските.+ 17 Не седам во друштво на оние што бијат шеги,+ па се веселат.+ Поради твојата рака, седам сам,+ зашто ти ме исполни со осуда.+ 18 Зошто мојата болка не престанува+ и мојата рана е неизлечлива?+ Не може да се излекува! Ти ми стана како измамлив+ извор, како несигурни води.+
19 Затоа вака вели Јехова: „Ако се вратиш кај мене, јас ќе те вратам во својата милост.+ Пак ќе ми служиш.+ Ако го одвоиш скапоценото од безвредното, пак ќе зборувам преку тебе. Тие ќе се свртат кон тебе, но ти не смееш да се свртиш кон нив!“
20 „Направив да му бидеш на овој народ зацврстен бакарен ѕид.+ Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат,+ бидејќи јас сум со тебе за да те спасам и да те избавам“,+ вели Јехова. 21 „Ќе те избавам од раката на злобните,+ ќе те откупам од раката на насилниците.“