Еремија
36 Во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, му дојде на Еремија оваа реч од Јехова: 2 „Земи еден свиток+ и запиши ги во него сите зборови+ што ти ги кажав против Израел и против Јуда+ и против сите народи,+ од денот кога почнав да ти зборувам, од деновите на Јосија, до денешен ден.+ 3 Можеби домот на Јуда ќе сака да слуша за сите неволји што мислам да му ги нанесам,+ па секој ќе се одврати од својот зол пат,+ а јас ќе им го простам нивниот престап и нивниот грев“.+
4 И Еремија го повика Варух,+ синот на Нирија, за да може Варух, од устата на Еремија, да ги запише во свиток, во книга, сите зборови што му ги беше кажал Јехова на Еремија.+ 5 Тогаш Еремија му заповеда на Варух: „Јас сум затворен. Не можам да отидам во Јеховиниот дом.+ 6 Оди ти и прочитај ги од свитокот Јеховините зборови што ги запиша според моето кажување+ за да чуе народот во Јеховиниот дом на денот на постот,+ а прочитај му ги и на целиот народ на Јуда, кој доаѓа од своите градови!+ 7 Можеби нивните молби за милост ќе дојдат пред Јехова+ и можеби секој ќе се одврати од својот зол пат,+ зашто Јехова му објави на овој народ голем гнев и јарост“.+
8 И Варух,+ синот на Нирија, направи сѐ како што му беше заповедал пророкот Еремија, и ги прочита од книгата+ Јеховините зборови во Јеховиниот дом.+
9 Во петтата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, во деветтиот месец,+ целиот народ во Ерусалим и целиот народ што дојде од градовите на Јуда во Ерусалим огласи пост пред Јехова.+ 10 А Варух ги прочита од книгата пред целиот народ зборовите на Еремија во Јеховиниот дом, во трпезаријата+ на Гемарија,+ синот на препишувачот+ Сафан,+ во горниот двор, кај новата порта на Јеховиниот дом.+
11 А кога Михаија, синот на Гемарија, син на Сафан,+ ги чу сите Јеховини зборови од книгата, 12 отиде во царскиот дворец, во трпезаријата на писарот, а таму седеа сите кнезови: писарот Елисама,+ Делаја,+ синот на Семаја, Елнатан,+ синот на Ахвор,+ Гемарија,+ синот на Сафан,+ Седекија, синот на Ананија, и сите други кнезови. 13 И Михаија+ им ги кажа сите зборови што ги беше чул кога Варух му читаше на народот од книгата.+
14 Тогаш сите кнезови го испратија Јехудиј,+ синот на Нетанија, син на Селемија, син на Хуси, кај Варух,+ порачувајќи му: „Земи го в рака свитокот од кој му читаше на народот и дојди!“ И така Варух, синот на Нирија, го зеде в рака свитокот и дојде кај нив.+ 15 Тогаш тие му рекоа: „Седни, те молиме, и прочитај ни да чуеме!“ И Варух+ им прочита.
16 Штом ги чуја сите тие зборови, исплашено се погледнаа и му рекоа на Варух: „Мораме да му ги кажеме на царот сите тие зборови“.+ 17 И го прашаа Варух: „Кажи ни, те молиме, како ги напиша сите тие негови зборови?“+ 18 А Варух им рече: „Тој со своја уста ми ги кажуваше сите тие зборови, а јас ги запишував во книгата со мастило“.+ 19 Тогаш кнезовите му рекоа на Варух: „Оди и скриј се, и ти и Еремија, за никој да не знае каде сте“.+
20 Потоа отидоа кај царот, во дворот,+ а свитокот го ставија во трпезаријата+ на писарот Елисама,+ и му ги кажаа на царот сите тие зборови.
21 А царот го испрати Јехудиј+ да го донесе свитокот. И Јехудиј го донесе од трпезаријата на писарот+ Елисама+ и почна да им го чита на царот и на сите кнезови што стоеја околу царот. 22 Царот седеше во зимската куќа+ — тоа беше во деветтиот месец*+ — а пред него стоеше мангал+ во кој гореше оган. 23 И кога Јехудиј ќе прочиташе три-четири колони, царот ќе ги одрежеше со писарскиот нож и ќе ги фрлеше во огнот што гореше на мангалот, и така сѐ додека целиот свиток не заврши во огнот што гореше на мангалот.+ 24 И не се исплашија.+ Ниту царот, ниту некој од неговите слуги, кои ги слушаа сите тие зборови, не си ги раскина облеките.+ 25 Сепак, Елнатан,+ Делаја+ и Гемарија+ го молеа царот да не го гори свитокот, но тој не ги послуша.+ 26 Тогаш царот им заповеда на Јерамеил, царевиот син, и на Сераја, синот на Азриел, и на Селемија, синот на Авдил, да ги фатат писарот Варух и пророкот Еремија.+ Но Јехова ги скри.+
27 И му дојде Јеховината реч на Еремија откако царот го изгоре свитокот со зборовите што ги беше запишал Варух+ според кажувањето на Еремија:+ 28 „Земи друг свиток и напиши ги во него сите оние зборови што беа во првиот свиток, кој го изгоре Јоаким, царот на Јуда.+ 29 И речи вака за Јоаким, царот на Јуда: ‚Вака вели Јехова: „Ти го изгоре оној свиток,+ велејќи: ‚Зошто напиша во него:+ „Ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја опустоши оваа земја и ќе ги истреби од неа и луѓето и животните“?‘+ 30 Затоа, вака вели Јехова за Јоаким, царот на Јуда: ‚Тој ќе нема наследник што ќе седи на Давидовиот престол,+ а неговото мртво тело ќе биде фрлено+ на дневниот припек и на ноќниот мраз. 31 Ќе се пресметам со него+ и со неговото потомство и со неговите слуги поради нивниот престап,+ и ќе ги пуштам врз нив и врз жителите на Ерусалим и врз народот на Јуда сите неволји што им ги објавив,+ но тие не слушаа‘ “ ‘ “.+
32 И Еремија зеде друг свиток и му го даде на Варух, синот на Нирија, писарот,+ кој, според кажувањето+ на Еремија, ги запиша во него сите зборови од книгата што Јоаким, царот на Јуда, ја беше изгорел во оган.+ И им беа додадени уште многу слични зборови.